В понеделник седница на Советот за безбедност на ОН за формирањето на косовската војска


 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш доцна синоќа изрази загриженост по одлуката на Косово за формирање војска, повикувајќи ги „сите страни“ на воздржаност, додека 15 земји членки на Советот за безбедност на ОН одржаа неформален состанок на барање на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Медиумите, од дипломатски извори во ОН, по овој состанок […]

Почина градоначалникот на Охрид


На 48 годишна возраст, утрово  почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Тој немал никакви здравствени проблеми, а неофицијално причината е инфаркт. Според првичните, неофицијални информации, тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод. Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после […]

Гутереш повика на воздржаност со цел нормализирање на односите Белград-Приштина


 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази загриженост по веста дека косовскиот Парламент усвои три закони чија цел е јакнење на улогата и капацитетот на косовските безбедносни сили и притоа ги повика „сите страни“ на воздржаност, јави Танјуг. – Гутереш истакна дека Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН ја претставува единствената законска рамка за […]

За Крсто нема ни суд ни антикорупциска


Пратеникот Крсто Мукоски и неговиот брат ќе успеат да се спасат од непријатните прашања како е можно фирма под истрага да добие државен тендер вреден 600.000 евра. Покрај заштитата од власта, во прилог му оди и фактот што Македонија веќе девет месеци нема функционална Антикорупциска комисија по оставките поради преплатените патарини. Не дека во минатото, […]

Жолтите елеци повторно се собираат во близина на Триумфалната порта


 Жолтите елеци и покрај повиците да не протестираат по атентатот во Стразбур и отстапките на претседателот Емануел Макрон, сепак, денеска одлучија да протестираат, јавува дописникот на МИА. Од раните утрински часови на Елисејските полиња, веднаш во непосредна близина на Триумфалната порта можат да се забележат луѓе со жолти елеци. Според полициски извори, веќе 25 лица […]

Викторија Лоба : Имам една желба во Новата 2019!


Пред Нова година ќе оствари една многу голема желба – промоција на првиот студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – македонска и англиска верзија, чии музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Во новата 2019 си посака уште една многу, многу, голема желба која е само нејзина, интимна. Викторија Лоба (30), […]

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници


Учениците од скопското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Центар  часови по предметот физичко имаат во училница, во училишниот хол и надвор во дворот, кога временските услови се погодни. Новата спортска сала во училишниот двор е речиси готова, ама не се употребува. Родителите  забележуваат што целиот двор е ограничен за движење и ограден со […]

Истражување: Нема заштита на земјоделците при работата во полето


Земјоделците не се заштитени, ниту доволно едуцирани и обучени да се соочат со предизвиците и опасностите во работата на земјоделските површини. Потребна е поголема едукација, но и залагање на институциите, констатираат од прилепското здружение „Достоинствен работник“ кое го завршува шестмесечниот преокт  насловен „Превентивна култура за безбедноста и здравјето при работа кај земјоделците во Прилеп и […]

Хан: Белград и Приштина да прекинат со провокации и да се вратат на дијалогот


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан смета дека е неопходно да се прекинат провокациите и да се врати дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина. Хан во интервју за виенското радио „Ое1“ вели дека изминатото лето се уште имало динамика во дијалогот и дека се разговарало за можните елементи на договорот. […]

Мик Малвејни нов шеф на Кабинетот на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го назначи Мик Малвејни за вршител на должноста шеф на неговиот Кабинет. Малвејни сега е раководител на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа. Тој е поранешен конгресмен – републиканец од Јужна Каролина. – Среќен сум што можам да соопштам дека Мик Малвејни, директор на Белата куќа […]

Австралија ќе го признае Западен Ерусалим за престолнина на Израел


 Австралија ќе го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел, но нема да ја премести својата амбасада во земјата, додека израелско-палестинскиот конфликт не се реши по мирен пат, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Морисон посочи дека Австралија ќе го признае Источен Ерусалим како главен град на палестинската држава само кога ќе се најде мирно […]

Мијалков и Камчев ќе си ја купат слободата?


По речиси еден месец поминат во притвор, Кривичниот совет на Основен суд 1 отвори можност на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си ја купи слободата со пари. Одбраната на Мијалков пред неколку дена поднесе предлог до судијата на претходна постапка, Весна Димишкова и како гаранција понуди имот вреден еден […]

Шведската амбасада го прослави празникот Санта Луција


Tрадиционалниот шведски празник Санта Луција во Шведска се одбележува во чест на светлината во темните и долги зимски ноќи, а Амбасадата на Шведска вчера го прослави во Скопје со богат концерт на празнични песни и шведски кулинарски специјалитети. Повеќе од петстотини гости во Македонската филхармонија беа пречекани со мирис на глог – варено вино со […]

Мали инциденти на протестите во Солун против Договорот од Преспа


Помала група демонстранти предизвика мали инциденти на крајот од протестот во Солун, против Договорот од Преспа и по повод политичкиот настан на СИРИЗА на кој говореше грчкиот премиер. Според локалните медиуми, групата, со пиротехнички материјали ја нападнала полицијата, која одговорила со мала количина солзавец, а кусо интервенирала и со водени топови, јави дописничката на МИА […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Мирен и убав период во кој ќе се претставите со самодоверба. Можеби некој не ја гледа слоевитоста на вашата личност и тоа буди чувства на љубомора и завист, така што внимавајте кому му се откривате. Надежта се враќа, како и вашата физичка сила и зрачите со шарм кој оддава сигурност. БИК: Среќни и задоволни – пристигнува […]

Ташевска Ременски: Обвинителството и Судот ќе ценат дали законот ќе важи за лицата што се повикуваат на амнестија


Потпретседателката на Собранието и копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за интеграција, помирување и реформи Фросина Ташевска Ременски за МИА изјави дека групата ќе се состане следната недела за да го разгледа текстот на законот за амнестија на подгрупата за помирување, да го усвои, да го преточи во формат на предлог-закон и да го предложи на Собранието […]

Реафирмирана посветеноста на Скопје и Атина за Преспанскиот договор, силна поддршка и од САД


Определбата за имплементација на Преспанскиот договор во Скопје и во Атина со приближувањето на процесот на уставните измени во Македонија кон нивниот финиш се силни и во континуитет се реафирмираат, а очекувања историскиот договор да биде успешно процесуиран и во Грција стигнаа и од државниот секретар на САД Мајк Помпео. Премиерот Зоран Заев денеска изрази […]

ЗНМ ќе избира нов претседател меѓу Чадиковски и Наумов


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска треба да добие нов претседател. За претседателското место во ЗНМ во трка се двајца кандидати – Младен Чадиковски и Стојанче Наумов. Од ЗНМ информираа дека до крајниот рок за поднесување кандидатура биле пристигнати две апликации и оти Чадиковски доставил и програма за работа, а Наумов најавил дека ќе […]

Барса го казни Дембеле со 200.000 евра поради лошото однесување


– Вториот најскап трансфер во историјата на Барселона, Усман Дембеле ќе биде казнет со 200.000 евра поради својот однос на работниот процес, потврди „Марка“. Французинот се наоѓа во одлична форма и бележи гол по гол, откако речиси секој е исклучително спектакуларен. Тој сепак страда од проблеми со дисциплината и веќе неколку пати му се случи […]

Конте ја потврди смртта на новинарот Мегалици кој настрада во нападот во Стразбур


Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва потврди дека младиот новинар Антониo Мегалици им подлегнал на повредите здобиени во нападот на божиќниот пазар во Стразбур. – Голема тага поради смртта на Антоно Мегалици, момчето кое имаше голема страст за новинарството, за радиото, за истражувањето и за европските институции, напиша Конте на Твитер. Радио Еурофоника исто така […]