Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Мирен и убав период во кој ќе се претставите со самодоверба. Можеби некој не ја гледа слоевитоста на вашата личност и тоа буди чувства на љубомора и завист, така што внимавајте кому му се откривате. Надежта се враќа, како и вашата физичка сила и зрачите со шарм кој оддава сигурност.

БИК: Среќни и задоволни – пристигнува викендот. Ја имате потребната планетарна поддршка да направите трансформација. Сетете се дека без притисок нема ни дијаманти и продолжете кон својата цел, верувајќи малку повеќе. Ќе дојдете до природни одговори од внатре и ќе ги смените конзервативните ставови. Успех.

БЛИЗНАЦИ: Викендот за вас започнува со растреперени емоции и веќе се чувствувате растегнати на повеќе страни. Бидете мирни и очекувајте позитивни пресврти. Месечината во Овен ќе иницира некој проект, каде што ќе треба да ја покажете сета своја вештина, а без да привлечете преголемо внимание врз себе. Баланс!

РАК: Вашите планови се одвиваат успешно и сега може да заминете со блиските до некое излетничко место, на пикник или на евентуален пат. Светот ви нуди повеќе опции и добро е да земете здив пред да преземете нешто – направете избор без да ви се наметнува некој. Нема потреба да сте апатични. Разбудете се.

ЛАВ: А кој е како вас? Уживате во толкава среќа на домашен план и тешко некој ќе ја расипе оваа идила. Раскошни и полни со виталност, размислувате логично како да ги претставите своите проекти во светот – што е она што вреди да се покаже сега, а што понатаму? Бидете сигурни дека овој потфат не е преголем залак.

ДЕВИЦА: Пауза во која што ќе ги разгледате новостекнатите информации. Ќе треба мудро да се дејствува, бидејќи времето не чека на никој, затоа бидете објективни и ќе дојдете до разумни решенија. На крајот сите ќе бидат задоволни, а и вие ќе успеете да се покажете во најдобро светло. Влегувате во период на славење.

ВАГА: Сосема нежно од некаде се јавува и трета опција: доколку вашите ставови досега биле крути, сега е време за екстра димензија. Бидете среќни и отворени кон овие ретки моменти на љубов и забава. Ќе постигнете сатисфакција учествувајќи во тимски напори или добротворни цели. Спремете се за дружба.

СКОРПИЈА: Венера ја потенцира вашата весела природа и безгрижно сте препуштени на своите сакани хобии и интереси. Она што ви е потребно сега пријатели е постигнување на баланс: понекогаш дури и ситните несовршености се совршени. Користете ја својата креативна и имагинативна страна. Фатете грациозен ритам.

СТРЕЛЕЦ: Месечината во Овен ќе им додаде зачин на работите: воведете малку жар во својот говор. Бидете убедливи и ќе бидете забележани. Имате што да покажете, затоа користете ги сите свои адути и таленти – на вашата раскош и сјај им нема крај. Поставувате нови стандарди кои ќе се паметат и во иднина – насмејте се!

ЈАРЕЦ: Засадивте убави семиња и сега е време да почекате и да видите каков плод ќе донесат. Можеби ќе се соочите со одолговлекувања или прекршени договори. Како и да е, внимавајте каков вокабулар користите и бидете трпеливи. Можна е и романса, но само ако одвоите време за своите сакани. Тие љубат да се со вас!

ВОДОЛИЈА: Не се откажувајте така лесно! Точно е, имате скриена симпатија и ќе направите сè да ја заштитите од очите на јавноста. Храбри и динамични, го користите својот креативен гениј за да дојдете до саканите промени. Замислете се себе си како морнар кој што храни албатроси. Можеби ќе ви е чудно, но брзо ќе се навикнете.

РИБИ: За вас ова ќе биде активен викенд – времето за медитација и одмор завршува и сега се бара храброст да се открие подлабоката вистина. Сè укажува на тоа дека тајмингот е идеален и ќе дојдете до нови информации со надреален карактер. Фрлете ја маската и заборавете на театралноста. Говорете искрено – ќе ве чујат!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]