Клоп: Добар ждреб за Ливерпул, Баерн е топ тим


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја прифати мирно ждрепката за осминафиналето во Лигата на Шампионите. Англискиот тим на стартот од елиминациската фаза ќе игра со германскиот хегемон, Баерн Минхен. – Убава ждрепка. Беше јасно дека ќе добиеме тежок ривал и очигледно е дека Баерн е топ тим. Ќе биде пријатно да отидеме во Германија. Има […]

Потврден притворот за осомничените за убиството на Оливер Ивановиќ


Основниот суд во Приштина го прифати барањето на Специјалното обвинителство на Косово за одредување притвор во траење од еден месец за тројцата осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ, што се случи пред речиси една година во северна Митровица. Недељко Спасојевиќ и Драгиша Марковиќ, припадници на полицијата на Косово, заедно со Марко Рошиќ, беа уапсени во […]

Две патнички од превртениот автобус кај Лесковац се уште во животна опасност


Две патнички од македонскиот автобус, кој вчера имаше тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац, се уште се во животозагрозувачка состојба. Тие се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш и приклучени се на апарати за дишење, додека останатите четири лица кои беа сериозно повредени патници и кои се лекуваат во Клиничкиот центар Ниш, се стабилизирани и не […]

Охрид се збогуваше со градоначалникот Јован Стојаноски


На Градските гробишта во Охрид попладнево беа погребани посмртните останки на ненадејно починатиот градоначалник проф.д-р. Јован Стојаноски. На погребната церемонија присуствуваа голем број граѓани на Охрид, роднини, пријатели, соработници, сопартијци, како и претставници на државни институции и делегации од збратимените градови. Државната делегација ја предводеше премиерот Зоран Заев, заедно со министри од неговиот Кабинет, пратеници […]

Студенти креираа нов финансиски инструмент за ФИТР


Предлог проектите на два тима од трета година на Економскиот факултет во Скопје беа избрани како најдобри од деветте групи кои денеска во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги презентираа своите решенија за нов финансиски инструмент за ФИТР. Одлуката, како што соопшти ФИТР, ја донела петчлена комисија во чиј состав биле претставници од […]

Косовски медиуми: Тензии во Брисел, ЕУ го одложи пресот на Харадинај


Косовските медиуми кои известуваат од денешната посета на Брисел на владина делегација од Косово, предводена од премиерот Рамуш Харадинај, јавија дека прес-центарот на Европската унија ја одложил заедничката конференција за медиуми по седницата на Советот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) Косово-ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештаите, одлагањето е направено поради […]

Можат ли да одлучат историчарите сами?


Ерол Ризаов Можат ли со децении идеологозирани и политизирани историчари, повеќе патриоти отколку научници, да ги исправаат своите грешки, но и на претходниците од кои учеле, ако нивните дела и откритија ги стимулирала, нарачала, прославила и наградила политиката како големи научни достигнувања. Поточно, има ли на Балканот историчари кои можат да им се спротивстават на […]

27 prilli, Ninxha kërkon publikimin e dëshmive të reja


Në Gjykatën Penale sot ka vazhduar seanca për ngjarjet e 27 prillit. I akuzuari Aleksandër Vasilevski si dëshmi shtesë ka propozuar 115 audio materiale dhe 20 fotografi të cilat siç tha i ka propozuar tek Prokuroria e krimit të organizuar dhe korrupsionit dhe kërkon që kjo e fundit materialet t’ia dorëzojë gjyqit. Mes tjerash ai ka […]

Промоција на сликовницата „Огледало на културите“


Минатиот петок бевме сведоци на новата сликовница „Огледало на културите“ која осамна на истоимената изложба на културни артефакти на културите кои живеат во Македонија. Сликовницата цели кон претставување на културните заедници кои живеаат во Република Македонија преку еден поинаков, интерактивен начин на презентација на фактите на културните заедници. Во самата сликовница текстот е миниминалистички опишан […]

По третпат ќе се постави „Галеб“ на Чехов во МНТ


Премиерата на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ ќе се одржи на 18 декември во Македонскиот народен театар во 20 часот. Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ […]

Ибрахимовиќ потврди дека останува во Л.А. Галакси


Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ конечно потврди дека нема да се враќа во Милан и ќе продолжи да игра за Л.А. Галакси. Во последниве месеци Ибра беше силно поврзуван со трансфер во Милан, но преговорите помеѓу двете страни сопреа и Швеѓанецот нема да го засили составот на Џенаро Гатузо. Ибрахимовиќ објави порака на официјалниот профил на […]

Албанија: Разрешен претседателот на Уставниот суд


Претседателот на Уставниот суд на Албанија, Башким Дедја е разрешен од функцијата, откако не можел да го објасни потеклото на својот имот. На функцијата беше именуван во јуни годинава. Првата проверка за потеклото на имотот ја мина на 13 јуни, но Јавниот комесар, посебна институција формирана во рамки на ветингот, на 26 јули ја обжали […]

„Златен глобус 2019“: Наградата „Сесил Б. Демил“ за Џеф Бриџис


САД-Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд одлучија наградата „Сесил Б. Демил“ за 2019 година да ја добие актерот Џеф Бриџис, веќе неколкупати номиниран за „Златен глобус“. Наградата се врачува за особен придонес во филмот и филантропијата и ќе му биде врачена на Бриџис на 6 јануари. Актерот е познат по своите улоги во филмовите […]

Илјадници Македонци со бугарски пасоши се со адреса на бандера за струја


Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА. Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила […]

Лига Европа, 1/16 финале: Динамо З. во Чешка, Арсенал кај БАТЕ, Челзи со Малме


Во седиштето на УЕФА во Нион (Швајцарија) беше извршена ждрепка и за 1/16 финалето на Лигата на Европа. Хрватскиот првак Динамо Загреб за противник ја доби Викторија Плзен, Арсенал ќе игра со БАТЕ Борисов, а Челзи ќе излезе на мегдан на Малме. Двојки за 1/16 финале во Лига Европа Викторија (Чешка) – Динамо (Загреб, Хрватска) […]

Албанските партии ја завртеа плочата – сега Заев е анти Албанец


Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, но и светот. За денеска во 21 часот по средноевропско време, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. На седницата би требало да […]

Познати осминафиналните двојки во ЛШ: Јунајтед на ПСЖ, Ливерпул со Баерн


Во седиштето на УЕФА во Нион, попладнево беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Бранителот на трофејот и победник во последните три изданија на елитното фудбалско натпреварување, Реал Мадрид ќе игра со Ајакс. Двојки за 1/8 во ЛШ Шалке – Манчестер Сити Атлетико Мадрид – Јувентус Манчестер Јунајтед – ПСЖ Тотенхем – Борусија […]

Новогодишен концерт на Македонската филхармонија со Дуо Гурфинел


„Точно на полноќ“ е насловот на гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24 декември во 20 часот. „На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе не поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или […]

Скопје догодина со предложен буџет од 6,5 милијарди денари


Наредната година буџетот на Град Скопје ќе изнесува 6,5 милијарди денари. Според предлогот, што денеска е на дневен ред на седницата на Советот, Градот планира инфраструктурни проекти, поддршка на локален економски развој и развој на туризмот, за изградба на паркови и зеленило… Основниот буџет изнесува 4,4 милијари денари, буџетот на дотации 1,6 милијарди денари, буџетот […]

Марш на сексуалните работници во Скопје


„Декриминилизација сега“ е мотото под кое денеска сексуалните работници во Скопје го оддржаа традиционалниот Марш на црвениот чадор во рамките на кампањата за одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 17-ти декември. На улицата „Македонија“, сексуалните работници по 10. пат  бараа заштита и подобрување на нивните права. Како што појаснија организаторите, […]