Промоција на сликовницата „Огледало на културите“


Минатиот петок бевме сведоци на новата сликовница „Огледало на културите“ која осамна на истоимената изложба на културни артефакти на културите кои живеат во Македонија.

Сликовницата цели кон претставување на културните заедници кои живеаат во Република Македонија преку еден поинаков, интерактивен начин на презентација на фактите на културните заедници. Во самата сликовница текстот е миниминалистички опишан преку фотографии со цел да го привлече вниманието на модерната публика кое е сконцентрирано на мултимедијалниот текст.

Промоцијата на сликовницата беше проследена од културната изложба на културни артефакти. Така, присутните имаа можност едновремено да видат дел од културните артефактки, особено традиционалните носии на секоја културна заедница во Македонија. Изложбата и промоцијата беа обединети преку звукот на турскиот традиционален музички инструмент неи, како и виолина.

Културната изложба „Огледало на културите“ за момент прерасна на единствената секултурна и сеинклузивна точка во земјата. Особено радува фактот што истата беше поставена во ресторанот „Амбрела“ каде што вработените се со Даунов синдром, а дополнително изложбата беше посетена и од лица со нетипичен развој. Самата посетеност на изложбата и покажаниот интерес кон сликовницата импонира понатамошна работа на полето на интеркултурната комуникација и интеракција.

Сликовницата „Огледало на културите“ и истоимената културна изложба се реализираа во рамки на проектот „Без расправање“, финансиски поддржан од Фондација отворено Општество Македонија.

Во прилог е онлајн сликовницата „Огледало на културите“ https://issuu.com/vcsvoices/docs/slikovnica_final