Новогодишен концерт на Македонската филхармонија со Дуо Гурфинел


„Точно на полноќ“ е насловот на гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24 декември во 20 часот.

„На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе не поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, францускиот уметнички шмек или англиската префинетост, до македонската традиционалност…, дела од Глинка, Бизе, Сен-Санс, Гершвин, Штраус, Лист, Глишиќ…“, соопштија од Македонската филхармонија.

Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а солисти на кларинети на концертот се браќата близнаци од Израел – Даниел и Александар Гурфинкел, познати како Дуо кларинети Гурфинкел, кои веќе се етаблираа како едни од најзначајните уметници на денешнината.