Greek PM Tsipras meets with Nobel Peace Prize winner Bouchamaoui


Greek Prime Minister Alexis Tsipras received on Wednesday Tunisian Nobel Prize winner Ouided Bouchamaoui at Maximos Mansion in Athens. Tsipras thanked Bouchamaoui for her initiative to nominate him, together with Macedonian’s Prime Minister Zoran Zaev, for this year’s prize, in recognition of their efforts for the signature of the landmark Prespes Agreement. According to government […]

Бискуп се повлече поради обвинувања за сексуално злоставување


Папата Франциско ја прифати оставката на бискупот од Лос Анџелес, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни лица, објави денеска Ватикан за овој најнов случај на недолично однесување на свештеник, кој ја тресе американската Католичка црква. Според кратка изјава, 69-годишниот Александар Салазар се повлече од функцијата помошник- бискуп во Лос Анџелес. Ватикан на новинарите им подели […]

Баерн ќе купи дефанзивец на Атлетико за 80 милиони евра


Раководството на Баерн Минхен ќе ја активира откупната клаузула на Лука Ернандез од Атлетико Мадрид во претстојниот зимски преоден рок, информира ексклузивно „Maрка“. Баварскиот гигант одлучи да плати рекордни 80 милиони евра на клубот за да ги обезбеди услугите на светскиот шампион. Досегашниот највисокиот трансфер на „Алијанц Арената“ беше Корентен Толисо. Минатото лето, Ернандез го […]

Албанија: Кривични пријави за 80 функционери поради корупција


Во последните две недели во Албанија се евидентирани 55 кривични дела за корупцијата и злоупотреба на службената положба од страна на носители на јавни функции. Министерката за правда, Етилда Ѓонај изјави дека кривична постапка е почната за 80 лица, при што 11 се во притвор, додека 69 се бранат од слобода. -Меѓу оне кои заработија […]

Русија: Повлекувањето на САД е добро за политичко решение во Сирија


Одлуката на САД да ги повлечат своите војници од Сирија создава добра перспектива за политичко решавање на кризата во таа земја, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Руското МНР, исто така, оцени дека иницијативата за формирање сириски уставен комитет има „светла иднина“, заедно со повлекувањето на американската војска. Пентагон соопшти претходно денеска дека започнал […]

Реал ќе конкурира на Јуве и Барса за потписотна Де Лихт


Реал Мадрид се вклучува во битката за Матијс де Лихт од Ајакс, соопшти радио „Кадена СЕР“. Холанѓанецот ја доби награда „Златно момче“ за најдобар играч до 21 година на Стариот континент. Според шпанските медиуми, „кралскиот“ клуб има исклучително многу позитивни извештаи од своите скаути за холандскиот талент и затоа подготвува понуда за него во следниов […]

Бушамауи и Ружин на средба со Ципрас во Атина


Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од пратеникот во Европскиот парламент од Грција Стелиос Кулуглу, како и од ректорот на Универзитетот ФОН во Скопје, Нано Ружин, денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Повод за средбата е номинацијата на грчкиот премиер Ципрас и на неговиот македонски […]

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство го поддржи Глобалниот договор за миграција


Генералното собрание на ОН го потврди Глобалниот договор за миграција, кој беше усвоен во Маракеш минатата недела. Тоа е првиот меѓународен документ за прашањето на миграцијата, кој не е правно обврзувачки. Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска. Воздржани беа 12 држави, меѓу кои […]

Прогласена епидемија на морбили во Радишани, досега заболени шест лица


Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили во скопската населба Радишани каде се регистрирани пет случаи на деца од предучилишна возраст заразени од ова заболување. Три од петте деца се сместени на Клиниката за инфективни болести, а останатите дечиња се на домашно лекување Поради ова, донесена е одлука градинката „Ташко Караџа“ која ја посетувале петте деца, […]

(ВИДЕО) Деца украле автомобил и пропаднале во дупка кај „Сити Мол“


Вчеравечер во 08:40 часот во СВР Скопје е примена пријава од М. Ш. (36) од Скопје дека во периодот од 18.12.2018 година од 19:30 часот до 19.12.2018 година до 04:30 часот од паркинг простор кај Транспортен центар од страна на непознат сторител е одземено возило Пежо со скопски регистерски таблици, најверојатно со оригиналниот клуч, кој […]

Се бара начин за згрижување на 63-годишниот Стоилов од селото Цера


Шеесет и тригодишниот самец Стоимен Стоилов од селото Цера, Македонска Каменица, кој пред два дена беше префрлен на Интерното одделение во Штипската клиничка болница, по неговото пуштање од болница, повторно се соочува со проблем каде ќе ја помине зимата. Од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Делчево велат дека иако се бара начин тој да […]

Изгласани сите Предлог амандмани за измена на Уставот


Предлог-амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа беа поддржани денеска од пратениците во собраниската Комисија за уставни прашања. На седницата на која се расправаше за предлог-амандманите на Уставот не учествувуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ќе продолжи утре во 13 часот, а на неа на дневен ред ќе биде втората точка – предложениот […]

Тренерот на Ѓоковиќ прогласен за најдобар во сезоната


Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда беше официјално прогласен за најдобар тренер на АТП турнејата во 2018 година, поради неговиот голем придонес во враќањето на Србинот на тронот на светскиот тенис. Словакот беше покрај него цело време, помагајќи му да го извлече најдоброто и од 22-та позиција да заврши на првата. – Би сакал да […]

Озил не сака да го напушти Арсенал


Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил се надева дека ќе остане во тимот од Лондон, пишува „Сан“. 30-годишниот играч од средниот ред потпиша договор со „топџиите“ во јануари, според кој добива 350.000 фунти неделно. Озил не е подготвен да си замине во зимскиот трансфер прозорец, и покрај вестите што се појавија во медиумите во последните неколку […]

Неспособноста излегува на површина


  Александар Николоски Како што наближува крајот на годината, секогаш почнуваат да се поставуваат прашањата – каква беше годината што помина, дали бевме посреќни, подостоинствени, побогати, полесно ја поминавме или не. Ако на ова се додадат и трошоците кои секогаш се појавуваат на крајот на годината за разните слави и прослави кои кај нас традиционално […]

Морбилите ја затворија градинката во Радишани


Министерството за труд и социјална политика информира дека во следните 15 дена градинката „Ташко Караџа“ во скопската населба Радишани нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили. Забраната стапува на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на […]

Мисиците на Србија и Хрватска пред 90 години


Последниве денови на социјалните мрежи кружи фотографија од мисиците на Србија и Хрватска, која, наводно, била направена пред повеќе од 90 години. Српски „Блиц“ пишува дека е направена во текот на дваесеттите години на минатиот век, а во Белград беше изложена пред околу една година, како дел од патувачката изложба „Градови во движење – постотоманско […]

Мурињо: Имам иднина без Јунајтед, овој клуб е минато!


Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо конечно сподели мислење за неговиот престој во „Олд Трафорд“. Тој првично беше бркан по улиците на Лондон, но одби да зборува. Меѓутоа, упорноста на англиските новинари резултираше и тој кажа неколку зборови за „Скај Спортс“. Тие беа во неговиот ладен, па дури и малку арогантен стил, и се […]

Туск-Заев: Македонија е на добар пат


Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започна работната посета на Брисел со средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, поздравени се инклузивните политики на премиерот Заев и заложбите на Владата, низ обединувачки политички процес да се донесат уставните измени, со цел […]

Заев-Могерини: Македонија направи исчекори напред во евроинтегративниот процес


Македонија се врати на правиот пат кон ЕУ и направи многу исчекори напред во евроинтегративниот процес, констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. На средбата, како што попладнево соопшти прес-службата на македонската Влада, поздравени се храбрите и инклузивни, лидерски политики на премиерот Заев и […]