Тренерот на Ѓоковиќ прогласен за најдобар во сезоната


Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда беше официјално прогласен за најдобар тренер на АТП турнејата во 2018 година, поради неговиот голем придонес во враќањето на Србинот на тронот на светскиот тенис.

Словакот беше покрај него цело време, помагајќи му да го извлече најдоброто и од 22-та позиција да заврши на првата.

– Би сакал да ја посветам оваа награда на целиот тим. Многу ми е мило што Новак, по враќањето на теренот, дојде на оваа позиција – кратко прокоментира Вајда за освојувањето на наградата.

Тој имаше конкуренција во тренерите Јан де Вит (Николоз Базилашвили), Карлос Моја (Рафаел Надал), Себастијан Прието (Хуан Мартин дел Потро) и Симоне Вањоци (Марко Чекинато)