МЗТ со пораз се враќа од гостувањето кај Приморска


МЗТ Скопје со пораз од 91:84 се враќа од гостувањето во Словенија кај Сикст Приморска во рамките од третото коло на АБА 2 лигата. Во натпревар со многу резултатски пресврти кошаркарите на МЗТ во првата четвртина покажаа поквалитетна игра и по десет минути резултатот беше 18:22. Во втората четвртина МЗТ ја задржа контролата над играта […]

Светска банка: Ако Македонија преземе мерки сега, децата би биле поздрави


Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија е понизок отколку просекот на регионот и група на приходи. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11,2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6,8 години […]

Белград одлучи: Милан Младеновиќ ќе добие споменик


Фронтменот на култната музичка југословенска рок група „Екатерина Велика“, Милан Младеновиќ ќе добие спомен обележје на платото пред „Дом Омладине“ во Белград, кој веќе го носи неговото име. Одлуката за споменикот денеска ја усвои одборот на градскиот парламент, а иницијативата беше поднесена од „Дом Омладине“. Младеновиќ е роден во Загреб 1958 година, а почина во Белград […]

Цариградската патријаршија и даде автокефалност на црквата во Украина


Цариградската партијаршија денеска соопшти дека го почна процесот за давање на независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква. Цариградската патријаршија по денеска одржаниот редовен Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага […]

Ќе се формира турско-саудиска работна група за Кашоги


На предлог на Саудиска Арабија одлучено е да се формира заедничка работна група за расветлување на случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калан. Претходно, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека очекува целосна соработка од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар на на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги. […]

Светски готвачи ќе ја подигаат понудата во охридските ресторани


Врвните светски готвачи и гастрономи, добитници на Мишелин ѕвезди, Џорџо Диана, Раду Замеску и Ѓорѓе Костиќ, ќе бидат дел од т.н. Гастро тура што од утре до 14 октомври ја организира Општина Охрид. Целта на настанот е да се подигнат квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителските објекти. Со домашни охридски производи, готвачите ќе […]

Мурињо во Подгорица ќе го гледа натпреварот меѓу Црна Гора и Србија


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо допатува денеска во Подгорица, каде ќе го гледа натпреварот меѓу Црна Гора и Србија во Лигата на нациите. Потугалскиот стручњак првенствено доаѓа во живо да ги види српскиот фудбалер од Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, и неговиот клупски соиграч и црногорски репрезентативец Адам Марушиќ. Воедно тренерот на Јунајтед се интересирал и […]

Чавашоглу: Турција очекува целосна соработка од Ријад за Кашоги


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека очекува целосна соработка од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар на на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги. Чавушоглу, кој е во посета на Ирак, истакна дека турското обвинителство води „интензивна и сеопфатна истрга“ за случајот. – Сакаме да соработуваме со Саудиска Арабија, бидејќи тоа се случи во саудискиот Генерален конзулат. […]

Дисингер: „Вардар“ има најдобри навивачи


Новиот ракометар на „Вардар“, Германецот Кристијан Дисингер, веќе се запозна со тимот, а неговите први реакции се исклучително позитивни. Нагласи дека со нетрпение очекува да заигра за „Вардар“ и да се запознае со навивачите. – По три години поминати во „Кил“, со сите подеми и падови, среќен сум што „Вардар“ ми дава нова ракометна шанса. […]

Во Египет осудени 17 лица на смрт поради напади врз цркви


Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради вмешаност во бомбашки напади врз три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што загинаа повеќе од 80 луѓе. Покрај тоа, осудени се и 19 лица на доживотен затвор поради напади врз цркви во Каиро, во Александрија и во Танта. […]

Ќе се дислоцираат казината и обложувалниците од албанските градови


Албанската Влада до крајот на годината ќе ги затвори сите казина и спортски обложувачници во градовите и истите ќе ги дислоцира надвор од населените подрачја за да спречи зголемување на нивниот број, посебно во Тирана. Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека до 31 декември сите игри на среќа ќе мора да бидат дислоцирани надвор од […]

Ураганот Мајкл пустоши на Флорида, ги зеде и првите жртви


Околу 320.000 луѓе не се евакуирале на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида пред ударот на ураганот Мајкл, соопшти синоќа официјален претставник на американскиот Црвен крст. Иако државните и локалните претставници издадоа наредба за евакуација за околу 325.000 лица, Управата за вонредни ситуации соопшти дека не е познато колку луѓе ја напуштиле областа, но наведува […]

Данска и Израел одбележуваат 75 години од спасување на Евреите


Израелски и дански претставници денеска одбележаа 75-годишнина од спасување на повеќе од 7.000 Евреи од окупираната Данска, кои со брод беа префрлени во соседна Шведска за време на Втората светска војна. Израелскиот претседател Рувен Ривлин и данскиот премир Ларс Расмусен положија венци во рибарското место Гилелеја, а потоа присуствуваа на церемонија во црква. Околу 7.200 […]

Циклонот Титли усмрти осум луѓе во Индија


Осум лица загинаа откако циклонот Титли ги погоди индиските сојузни држави Андра Прадеш и Ориша. Сите жртви се во Андра Прадеш, а засега нема информации за загинати во Ориша. Шест од жртвите биле рибари. Титли ги погоди источните делови на Индија, корнејќи дрвја, далноводи и уништувајќи куќи, поради што речиси 300.000 луѓе се евакуирани. Циклонот […]

Едно лице повредено во сообраќајка на автопатот Куманово -Скопје


Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Куманово -Скопје на делницата Романовце-Миладиновци. Според МВР, возилото „пежо 206“ со скопски регистарски таблици во 14:50 часот, управувано од 32-годишната Ј.Л.С, изгубило контрола, удрило во брегот и се превртело. – Жената се здобила со повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, […]

Ахмети по повод 11 Октомври повикува Македонија да го заокружи патот кон ЕУ и НАТО


Лидерот на ДУИ Али Ахмети во денешната честитка по повод 11 Октомври порачува дека Македонија сега има неповторлива можност да ја продолжи посветеноста на своите предци и да го заврши заедничкиот долг и макотрпниот пат кон интеграцијата во НАТО и Европската унија. – Нашите денешни напори се само продолжение на напорите на нашите предци кои се […]

Зијадин Села бара итно менување на Бујар Османи


Премиерот Зоран Заев, веднаш да го разреши Бујар Османи со оглед на сериозноста на покренатите обвиненија против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, додека беше министер за здравство, бара партијата на Зијадин Села, Алијанса на Албанците. Тие преку писмено соопштение ја поздравуваат истргата против вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со кое, […]

Кривична за ексдиректорот на катастар, тој вели дека не потпишал ништо


Ниту сум изготвил ниту сум потпишал ниту едно решение за унапредување на било кој државен службеник вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, во перидот додека ја обавував функцијата, вели поранешниот директор Славчо Трпески, откако полицијата до обвинителството поднесе кривична пријава за незаконски вработувања и унапредувањa во катастарот додека тој бил директор. „Донесување на решенија […]

„Газета Експрес“: Брисел нема датум за следна средба Тачи-Вучиќ


Неуспешното продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 7 септември во Брисел, односно одбивањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ да се сретне со неговиот косовски колега Хашим Тачи, го одбележа почетокот на блокадата на неколкугодишниот процес на дијалог за постигнување договор за споровите меѓу Косово и Србија, објави денеска „Газета Експрес“. Освен тоа, […]

Плевнелиев: Македонија има уникатна историска шанса


Постојат моменти кога судбината подава рака и таа треба да се прифати. Македонија е исправена точно пред таква ситуација. Таа има уникатна историска шанса, истакна поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, пренесува бугарската агенција „БГНЕС“. По дискусијата на тема „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македонија“, во организација на Европскиот совет за надворешна политика (ЕСВП) со […]