Синоќешното гласање беше само почеток, следуваат уште две фази за конечна промена на Уставот


Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше обезбедено двотретинско мнозинство за пристапување кон уставните измени, предвидени со преспанскиот договор. Но вчерашното гласање беше само прва фаза, по што следуваат уште неколку за овој процес да се комплетира. Ако постапката се одвива според плановите, за финализирање на трите фази ќе требаат најмалку три и пол […]

Пробација – преку ресоцијализација до намалување на затворската популација


Пробациските работи и алтернативните мерки имаат функција на ресоцијализација и намалување на затворската популација. Република Македонија од 2016 година има нов Закон за пробација, со кој се предвидува отворање пробациски канцеларии во 11 града со 90 пробациски службеници, додека од тоа моментално функционира само Канцеларијата за пробациски работи во Скопје, каде што има само тројца […]

Годинава ќе завршат градежните работи на пругата Битола-Кременица


Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот. Досега 90 проценти од градежните работи се веќе завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за […]

Парламентарни избори во Авганистан


Во Авганистан денеска почна глaсањето на парламентарните избори кое го следи хаотична организација, обвинувања за корупција и насилства поради што изборите во стратешки важната покраина Кандахар се одложени. По првпат Изборната комисија ги опреми гласачките места со биометриски идентификациски системи. За 49 места во Долниот дом на Парламентот има 2.265 кандидати, меѓу кои 517 жени. […]

Вајгл: Пратениците што гласаа „за“ ги заштитија виталните интереси на граѓаните


Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави единството на македонското Собрание кое го отвора патот кон ЕУ и НАТО. Вајгл истакна дека несомнено патот до одлуката на членовите на Собранието беше „драматична“ и „тесна“, но дека со неа пратениците ги „заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“. – Посебно признание оди за […]

Видео од поединечното гласање во Собранието


По целодневна неизвесност, пратениците со 80 гласа „за“ и 39 „против“ го изгласаа владиниот предлог за пристапување кон уставни измени. Пратениците првично гласаа електронски и при гласањето, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „против“ станаа и во собраниските клупи останаа само пратениците кои гласаа „за“ да се поддржи предлогот за отворање на Уставот. На барање на […]

Ахмети: Патот кон ЕУ и НАТО е еднонасочен


Лидерот на Демократската унија за интеграција-ДУИ Али Ахмети се заблаодари за поддршката за пристапување кон уставните измени во, како што вели, овие одлучни времиња. – Изразувам исклучителна благодарност и за 80-те пратеници кои гласаа „за“, додека тие што сакаа да гласаат за, но не ја најдоа потребната храброст да одлучат исправно синоќа, ги повикувам да […]

Катиљ-ферман за Груевски среде уставната драма


Додека вчера попладне фокусот на политичката јавност беше насочен кон Собранието, ретко кој го забележа отсуството во парламентарната зграда на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во изминатите денови беше речиси постојано присутен на расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени, иако не се јави за дискусија. Ниту непотврдената информација дека Груевски најавил дека нема […]

Почетокот на уставните измени главна тема во Грција


Резултатот од гласањето во Собранието, изјавите на македонскиот премиер и честитката од Ципрас до Заев од доцна синоќа се главна тема во грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција во текот на вчерашниот ден, со интерес следеа што се случува во Македонија, како во однос на тоа дека седницата […]

Саудиска Арабија: Кашоги е мртов, смртта е последица на расправија во конзулатот


Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Кашоги, почина во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по борбата со луѓето што ги сретнал таму, соопшти денеска Саудиска Арабија врз основа на прелиминарните резултати од истрагата. Саудиското обвинителство соопшти дека смртта на Кашоги е последица на расправија во конзулатот во Турција. Поради скандалот, кој предизвика […]

Собранието донесе одлука за измена на Уставот, Владата најдоцна за 15 дена треба да ги изготви предлог-амандманите


Собранието на Република Македонија доцна синоќа со 80 гласа „за“ и 39 „против“ со поименично гласање ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа и со 75 гласа „за“ заклучи Владата како предлагач на измените најдоцна во рок од 15 дена да изготви предлог амандмани на Уставот и […]

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера беа погребани европските вредности во Македонија


Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани, се вели во денешното […]

СДСМ: 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО


Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80. пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување, се од владејачката партија СДСМ. […]

Најмалку 61 загинат во железничка несреќа во Индија


Најмалку 61 лице загинаа, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадния индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрални заради религиозен празник. Меѓу жртвите има жени и деца, соопштија властите, пренесува Ксенхуа. Помеѓу 300 и 700 лица се собраа на железничката линија крај градот Амратсар синоќа, кога воз удри во толпата. […]

Хан: Треба државништво, а не партиски игри


Европскиот комесар за прошурување Јоханес Хан ја поздрави одлуката на македонскиот Парламент да усвои одлука за пристапување кон уставни измени на државата. – Голем ден за демократијата во Скопје. Им честитам на сите кои се одлучија да тргнат по европскиот пат, Верувам дека слободната волја на сите пратеници е целосно почитувана и особено на оние […]

Нимиц: Ова е голем напредок, ги охрабрувам лидерите да го финализираат договорот


Сакам да изразам големо задоволство за синоќешниот резултат во Парламентот, изјави за Гласот на Америка медијаторот Метју Нимиц. – Ова е добредојден напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа. Сакам да им честитам на сите политички сили во државата, и на нејзиното лидерство конкретно за овој важен чекор”, вели […]

Туск ѝ го честиташе на Македонија усвојувањето на уставните измени на македонски јазик


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и го честиташе на Македонија усвојувањето уставни промени, порачувајќи дека Македонија со таа одлука е чекор поблизу до евроатлантската заедница. – Еден глас, еден голем чекор поблизу до заземање на местото кои ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница – напиша Туск на Твитер на македонски јазик. Собранието синоќа со […]

Реакции во странските медиуми по усвојувањето на уставните измени


Ројтерс Македонскиот парламент го одобри предлогот за промена на името на земјата, со што еден децениски спор со Грција се приближи на чекор до решавање.Овој потег би можел да ги деблокира понудите за влез во НАТО и Европската унија, долго време блокирани од Грција, која тврди дека „Македонија” имплицира територијални претензии кон една грчка провинција […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Викендов ќе може да се опуштите по сите убави постигнувања во текот на неделата. Како водени од повисоки светови, ќе сакате да се повлечете во удобноста на своите приватни одаи – сè е на свое место и во свое време и вие сјаете со прекрасна светлина. Духовно исполнување. БИК: Трпеливо ја чекате својата шанса, како некоја […]

Позитивни реакции од меѓународната заедница и од Грција


Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев откако македонското Собрание вечерва со 80 гласови „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа. – Честитки до мојот пријател Зоран Заев. Вечерашното гласање е голем чекор кон заедничкиот успех, мошне важен чекор за мирна […]