Русија ја обвини САД за користење фосфорни бомби, Пентагон демантира


Русија ја обвини САД дека во воздушните напади на воени цели на истокот на Сирија користела фосфорни бомби, во зоната со цивили. Користењето фосфорни бомби е забрането согласно меѓународното хуманитарно право. „Два американски авиони Ф-15 во саботата, на 8 септември, го бомбардираа местото Хаџин на подрачјето Деир Езора, користејќи запалива фосфорна муниција“, се наведува во […]

Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет


Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет, соопшти германската компанија за реосигурување „Минхен Ре“. Во презентацијата на Септемвриските средби на реосигурителната бранша во Монако, компанијата истакна дека овој вид ризик би можел да достигне до 10 милијарди долари до 2020 година. – Да се обрне повеќе внимание на кибер-ризиците и кибер-штетите, што […]

Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград


Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“. Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот. Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи […]

Дневен хороскоп: Јарците ќе бидат тензични, Овните со нови откритија


ОВЕН: Ова е момент кога ќе може да ги покажете своите таленти, идеи и цели, како и за откривање на нови солуции или патишта. Хоризонтите се прошируваат, но добро е да останете близу до домот. Откритија. Знаете како да се справите со хроничните проблеми. Шанси. БИК: Се појавува потреба за воздржување – имајте во предвид […]

Владејачките социјалдемократи победија на изборите во Шведска


Шведската вкладејачка Социјалдемократска работничка партија победи на вчерашните парлементарни избори во Шведска, но заедно со нејзините коалициски партнери – социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија, не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент. Според се уште неофицијалните изборни резултати, социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во 349-члениот шведски Риксдаг, пред конзервативната […]

Повторната изградба на вијадуктот во Џенова ќе чини околу 200 милиони евра


Повторната изградба на урнатиоут вијадукт во Џенева ќе чини од 150 до 200 милиони евра, соопштија локалните власти. Изградбата ќе ја изврши фирмата Финчантиери, во соработка со Италијански патишта, соопшти гувернерот на покраината Лигурија Џовано Тоти. При уривањето на мостот минатиот месец загинаа 43 лица. – Реконструкцијата ќе чини меѓу 150 и 200 милиони евра, […]

Вкупно седум лица повредени во напад со нож во Париз


Вкупно седум лица се повредени, од кои четворица потешко, во напад со нож што синоќа се случил во Париз. Напаѓачот, кој е упасен, бил вооружен со нож и метална шипка. – Засега нема основи нападот да се окарактеризира како терористички, изјавил полициски претставник. Според истиот извор, напаѓачот веројатно е Авганистанец, кој нападнал непознати на улица […]

Заев: Македонското знаме заедно со знамињата на најмоќните држави членки на ЕУ и НАТО


Сакам сите заедно, нашето македонско знаме да го гледаме еднакво високо и развиорено до знамињата на економски најмоќните држави членки на ЕУ и НАТО. Нашето знаме заедно со знамињата на најразвиените држави во светот, порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир што синоќа се одржа во Битола. Тој нагласи дека спорот со Грција е решен, […]

Андов: Во 1991 не бевме држава, затоа немаше странски политичари


Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој деновиве е во посета на Македонија, им порача на македонскиот граѓани да излезат и да го искористат правото за гласање на референдумот за името. Со тоа, смета гостинот на САД, ќе се стави до знаење дека ја поддржуваме својата нација и патот кон евроатлантските интеграции. „Мошне е важно за Македонија […]

Во Кривичен нови рочишта за Тенк, Т.Н.Т., Трезор и Тревник


Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. На претходното рочиште беа изведени писмени докази. Пред почетокот на судењето адвокатот од одбраната Боро Тасевски побара изведувањето на материјалните докази да се врши со нивна презентација за разлика од претходно […]

Собранието ја почнува кампањата за претстојниот референдум


Од денеска официјално почнува кампањата за претстојниот референдум на кој граѓаните на 30 септември треба да се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. Носител на кампањата е Собранието на Република Македонија, а претседателот на Парламентот Талат Џафери во петокот најави дека ќе ја водат […]

Сончево и топло со температура до 30 степени


Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Ветерот повторно ќе се засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а дненвите од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со умерен северозападен […]

МВР: Градоначалникот на Демир Хисар изјави дека снимката е од јануари 2018 година


Министерството за внатрешни работи доцна вечерва соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет. -Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на […]

СЕХА лига: Металург поразен од Нексе во Скопје


Металург претрпе пораз од 27:32 на натпреварот во Скопје против Нексе Нашице  во рамките на третото коло на СЕХА лигата. По почетното водство на гостите од Хрватска, ракометарите на Металург во десетата минута успеаа да израмнат на 5:5. Неколку минути се играше гол за гол, а избраниците на Данило Брестовац со серија грешки повторно му дозволија […]

Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изнуди пенал и постигна гол во триумфот над Ерменија по кои „црвено-жолтите“ ја продолжија серијата од девет натпревари без пораз. Македонија победи со 2:0 и се зацврсти на првото место во Групата 4 од Лигата на нации. – Тоа е најважно. Во минатото игравме добро и со силни […]

Заев од Ресен: Референдумот не е борба за власт туку за севкупен раст


Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва на трибината во Ресен повторно ја повика опозициската ВМРО – ДПМНЕ како и оние што сеуште не одлучиле да излезат на 30 септември да го поддржат референдумот за влез на Македонија во Европската унија и НАТО. – Ако сте за ЕУ и НАТО излезете на референдумот, придружете се. Ние […]

Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва беше во Берово каде имаше средба со граѓани со кои разговараше за договорот со Грција.Пред жителите на Берово, Јанушев рече дека договорот со Грција е капитулантски и оти не треба да се поддржи. – Гледаме дека преку кампањата која е спонзорирана со државни пари од државниот врв сакаат […]

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите


Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во натпревар од второто коло на Лига на нациите. Македонските фудбалери ја искористија предноста на домашниот терен и одлично го започнаа натпреварот. Гостите во 12-та минута направија прекршок во шеснаесетникот врз капитенот Горан Пандев, а главниот судија досуди пенал, по што фудбалерот на Лидс, Езџан Алиоски, успешно реализираше од […]

Вардар го совлада Татран Прешов во СЕХА лигата


Македонскиот првак Вардар го совлада Татран Прешов со 26:27 на гостувањето во Словачка во рамки на третото коло во СЕХА лигата. По воведните минути во кои се играше гол за гол, словачкиот тим успеа да воспостави минимална предност од два гола благодарение на грешките на ракометарите на Вардар. Но, на десетина минути пред крајот на […]

Приведен градоначалникот на Демир Хисар


Градоначалникот на Демир Хисар утрово им се заканувал на вработените во училиште поради што полицијата го привела. Како што потврдуваат извори од МВР за МИА, граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, е приведен утрово. -Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, […]