Повторната изградба на вијадуктот во Џенова ќе чини околу 200 милиони евра


Повторната изградба на урнатиоут вијадукт во Џенева ќе чини од 150 до 200 милиони евра, соопштија локалните власти.

Изградбата ќе ја изврши фирмата Финчантиери, во соработка со Италијански патишта, соопшти гувернерот на покраината Лигурија Џовано Тоти.

При уривањето на мостот минатиот месец загинаа 43 лица.

– Реконструкцијата ќе чини меѓу 150 и 200 милиони евра, а само за отстранување на стариот мост потребни се 10 до 12 милиони евра, соопшти Тоти, додавајќи дека во таа сума се пресметани и отштети на жртвите и нивните семејства.