Ахмети од Охрид: Сите заедници на 30 септември да гласаат за европска Македонија


Демократската Унија за Интеграција денеска одржа средба со граѓаните во Охрид каде во рамките на кампањата за референдумот ги запозна граѓаните во врска со причината зошто на 30 септември треба да се гласа „ЗА“ Македонија во НАТО. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека 30 септември е историски момент кој ги соединува сите граѓани на […]

Албанската и нигериската мафија доминираат во Италија


Албанската и нигериската мафија  доминираат меѓу странските криминални групи што дејствуваат на италијанска територија, изјави италијанскиот јавен обвинител за борбат против мафијата и антитероризам, Федерико де Рахо. „Во нашата истрага вниманието ни е насочено кон албанската и нигериската мафија. Албанската мафија дејствува на рамноправна позиција со италијанските мафијашки кланови, со кои склучуваат бизниси за да […]

Заев: Важноста на референдумот е иста, како на тој пред 27 години


Важноста на референдумот е иста, како на тој пред 27 години, затоа што ако тогаш ја обезбедивме независноста на државата, сега од оваа одлука зависи дали ќе си ја осигураме и обезбедиме иднината на нашата независна Македонија, изјави премирот Зоран Заев денеска на трибина со граѓани во Гази Баба, во организација на коалицијата „Излези ЗА […]

Должникот Монпелје на колена


Вардар со победа над европскиот шампион Монпелје во Франција стартуваше во Лигата на шампионите (27:24). Му вратија црвено-црните мило за драго на францускиот претставник за поразот во ланското полуфинале од најреномираното натпреварување. Тоа е вкупно четврта победа на Вардар над Монпелје, а како единствен пораз останува споменатиот од минатогодишниот фајнл-фор. Иако шампионскиот состав практично се […]

Четири илјади евра причина за крвавата драма во Битола


Надворешната канцеларија за кривични работи – Прилеп до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Е.Т. (24) од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од Кривичниот закон на Република Македонија. Како […]

Партијата на Харадинај: Косово мора под итно да формира војска


Одделот за одбранебени и безбедносни политики (ДПМС) при владејачката Алијанса за иднината на Косово (ААК) го оцени како исклучително позитивно испраќањето во собраниска процедура од страна на Владата на трите нацрт-закони со кои се тежнее кон тансформација на Косовските безбедносни сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Овој орган на […]

ФФМ додели 30 илјади евра на репрезентацијата за Гибралтар и Ерменија


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), одржана во Охрид, меѓу другото беше донесена одлука да се исплати премија на репрезентативците на Македонија и на стручниот штаб од 30 илјади евра за победите против Гибралтар и Ерменија во рамки на УЕФА Лига на Нации. На седницата се задолжи и Генералниот […]

Бабиш: Не ги поддржувам критиките на ЕУ кон Унгарија и Полска


Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека не ги поддржува засилените критики од страна на лидерите на ЕУ кон владите на Полска и Унгарија. „Самите Унгарци и Полјаци подобро можат да реагираат на можните закани по демократијата (во нивните земји), отколку пратениците во Европскиот парламент или службениците во Брисел“, изјави Бабиш во интервју за весникот „Право“. […]

Полицаец уби 36 годишен сограѓанин во Битола


Свирепо убиство во прилепско. Дваесет и четири годишниот полицаец Е.Т. од Битола го убил, а потоа го запалил 36-годишниот сограѓанин Б.А. Мотивите, неофицијално, се поврзуваат со долг од 4 илјади евра. Сепак, деталите се очекува да ги објави Јавното обвинителство. Сторителот е уапсен и го признал делото. “Сторителот на делото е уапсен и во полициската […]

СДСМ:Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ


Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето повисоки плати за работниците е одговорност на секој премиер. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, се целосно посветени и одлучни во процесот на градењето социјална држава, фер и еднакво општество за сите и повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели […]

Издаден налог за апсење на синовите на Хосни Мубарак


Египетски суд денеска издаде налог за апсење на двајцата синови на поранешниот долгогодишен претседател на Египет, Хосни Мубарак. Ала и Гамал Мубарак, заедно со уште неколкумина други лица, се обвинети за кршење на правилата на работа на берзата и на централна банка, со што на илегален начин оствариле профит. Синовите на Мубарак ги отфрлаат ваквите […]

MPs: The referendum is the greatest and most powerful form of direct democracy


The referendum is the greatest and most powerful form of direct democracy. Therefore, people should go out on September 30 and have their say on the direction that Macedonia should take, said MPs Ivana Tufegdzik, Bojan Petreski and Xhevad Ademi of coalition FOR European Macedonia on Saturday, within the observance of International Day of Democracy-September […]

Спасовски: Референдумот е најсилен облик на демократија


Референдумот е најзначајниот облик на демократија. Граѓаните одлучуваат и нивниот глас е последен и мора да се почитува. Граѓанска должност е да учествуваме во градењето на македонската иднина и затоа, на 30 септември да излеземе на референдумот и да гласаме ЗА европска Македонија, порача потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, […]

Деда: Тачи не го разбира значењето на зборовите „корекција на границата“


Пратеникот на косовската опозициска партија Алтернатива, Илир Деда, изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи воопшто не го познава меѓународното право и не го разбира значењето на зборовите „корекција на границата“ кога зборува за можниот договор со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Деда, Тачи не сфаќа дека, според меѓународното право, евентуална корекција […]

Вучиќ: Нема договор со Приштина, без сеопфатен пакет за Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска нагласи дека не е можно Белград да прифати договор за Косово, без сеопфатен пакет за Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, осврнувајќи се на медиумските тврдења дека барал гаранции за членството на Србија во ЕУ во 2025 година, доколку потпише договор со Приштина, Вучиќ нагласи дека тоа […]

ВМРО-ДПМНЕ со кривични пријави против Заев


Зоран Заев сака да ја избрише Република Mакедонија, нејзината историја, традиција и култура, да го поништи македонскиот идентитет и затоа ги крие од народот амандманите со кои планира да го менува Уставот, а очекува од граѓаните да излезат и самите да гласаат за да си се поништат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешниот протерстен […]

Рот:Гласајте на референдумот, потврдете ја ориентацијата за ЕУ и НАТО


Македонските граѓани на претстојниот референдум треба да покажат храброст и да испратат јасен сигнал за членство во ЕУ и НАТО, бидејќи европската перспектива гарантира добра иднина за сите, особено за младите, порача денеска државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот, кој ја заврши посетата на Македонија со учество на трибината „Фридрих Еберт“. Рот посочи […]

Пендаровски: Расположението во корист на референдумот расте од ден на ден


Расположението во корист на референдумот и за опцијата за европска Македонија расте од ден на ден и јас мислам дека бројот на оние што ќе гласаат „за” ќе биде неколку пати поголем од бројот на тие што ќе гласаат „против”, изјави денеска Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, кој дојде во Неготино и остварува средби со […]

Роналдо го сака Крос


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо бара од раководството на клубот да испрати понуда за трансфер на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Тони Крос во јануарскиот преоден рок, тврди електронското издание Goal.com. Според Португалецот, германскиот репрезентативец ќе заврши одлична работа во средниот ред на тимот и ќе го направи клубот од Торино уште посилен во […]

Аплаузите за Заев


Наум Котевски Македонија успеа да ја разгали Европа. Во време на тектонски промени на европските политички плочи, на кои популизмот и екстремната десница добиваат на значење, премиерот Зоран Заев, со својот говор во Европскиот парламент, предизвика неколкуминутен аплауз од присутните парламентарци. Во страшното секојдневно етницизирање на сите теми, па и на вака важна тема како […]