Македонско издание на грчката книга „10+1 прашања за македонското прашање“


Во Скопје вечерва ќе биде промовирана книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“ од Костис Карпозилос и Димитрис Христопулос. Во април годинава беше официјалната промоција во Атина, а пет месеци подоцна, грчката книга „10+1 прашања за македонското прашање”, вечерва ќе биде промовирана во Скопје, преведена на македонски јазик. Авторите на книгата професорот по политички науки и […]

ВМРО-ДПМНЕ: Под притисок на Атина Заев си ги цензурира изјавите за МИА


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека спогодбата со Грција значи забрана да се употребува името Македонија како и цензура секогаш кога ќе се спомене Македонија. -Уште не стапила на сила, а веќе ги гледаме ефектите. Првиот скандал е пред нас. Зоран Заев кој е Премиер на Република Македонија по забелешки од нашиот јужен сосед […]

Албанската полиција разби опасна криминална банда


Албанската полиција разби опасна криминална банда, осомничена за повеќе тешки кривични дела што последните месеци се случија во северниот град Скадар. Уапсени се единаесет членови на групата „Бајри“, додека по двајца се трага. Повеќето од нив се упасени во Албанија, додека неколкумина во Холандија. Нивното апсење следуваше откако вчера полицијата во Тирана го уапси Енвер […]

(ВИДЕО) Полициска потера на море: Задарската капетанија против возач на скутер


Возачот на скутерот дивееше пред градската плажа Коловаре во Задар во четвртокот попладнето, по што во потера се пушти задарската капетанија. На полицијата не ѝ требаше многу за да го сопре дивеењето на на возачот на скутерот, кој минуваше близу до капачите. Целата акција беше снимена од луѓе кои се најдоа на плажата Коловарe, пишува […]

Вонредни избори не се опција по референдумот


Вонредни парламентарни избори не се опција по завршување на референдумот, велат владини извори. Соговорници на „Независен весник“ ја отфрлаат засега можноста за избори, која во политички кругови се спомнува како едно од сценаријата за обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени. Тие сценарија, пак, почнаа да се вртат како резултат на „ФБ-кампањата“ во која се вклучија […]

Девет деца загинаа во експлозија на бомба во северен Авганистан


Девет деца загинаа синоќа во експлозија на експлозивна направа во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на властите. Во експлозијата во округот Шерин Тагаб повредени се и четири лица, изјави член на регионалниот совет. Друг претставник на советот изјави дека мртвите биле осум, а повредените петмина. Бомбата била поставена во близина на […]

Танзанија: Бројот на загинати во потонувањето на траектот се искачи на 161 лице


Бројот на потврдени жртви при потонувањето на фериботот во езерото Викторија во Танзанија достигна 161 лице, соопштија властите. Досега се спасени околу 100 лица. Четворица нуркачи од воената морнарица влегоа утрово на потонатиот брод откако се слушнаа звуци оттаму. Сепак, не беа пронајдени преживеани. Траектот потона во четвртокот навечер, на само неколку метри од пристаништето […]

(ВИДЕО) Пет отсто повисоки плати во болниците, училиштата и во градинките


Вработените во градинките, училиштата и болниците ќе имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата што ќе се исплати во октомври. Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми и Мила Царовска. Министерот Тевдовски информира […]

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца


Во текот на вчерашниот ден во вила во селото Трпејца, на брегот на Охридското Езеро, бил пронајден починат 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од МВР, од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

(ВИДЕО) Бројот на загинати при нападот на воена парада во Иран се искачи на 24


Најмалку 24 лица загинаа, а 53 се повредени во нападот изведен за време на воена парада во иранскиот град Ахваз. Министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф порача дека брзо и одлучно ќе биде одговорено на нападот. „Регрутирани терористи, обучени, вооружени платеници на странски режим го нападнаа Ахваз. Иран ќе одговори брзо и […]

Нападната воена парада во Иран, 8 загинати


Најмалку 8 војници загинаа, а дваесетина се повредени во напад на неидентификувани напаѓачи за време на воената парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран, објави државната телевизија. Државната телевизија објави дека е нападната трибината со официјални лица кои се собрале за да ја следат редовната годишна воена парада со која се одбележува почетокот […]

Прва официјална Средба на жени – министерки за надворешни работи


Од вкупно околу 30 жени – шефици на дипломатии во светот, речиси 20 од нив учествуваат на првата официјална Средба на жени – министерки за надворешни работи, која вчера и денеска се одржува во канадскиот град Монтреал. -Жените имаат водечка улога при „изнаоѓање решенија за политичките, економските и социјалните предизвици со кои нашите општества се […]

Ред бул Лајпциг и Ред бул Салцбург играа меѓу себе


Тоа што УЕФА упорно се обидуваше да го спречи, се случи во четвртокот вечерта. Во натпревар од првото коло од групата Б во Лига Европа, меѓу себе играа Ред бул Лајпциг и Ред бул Салцбург. Станува збор за клубови со заеднички сопственик – австрискиот бизнисмен Фитер Матешиц. Според прописите на европската фудбалска организација, не е […]

Иванов предаваше во Детроит


Претседателот Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на престижниот Државен универзитет Вејн во Детроит. Македонскиот претседател, кој беше најавен како поддржувач на принципите на пазарната економија и политичкиот плурализам, говореше на тема „Раѓањето на нов свет: Предизвици и можности за генерациите Y, Z и Алфа“, соопшти прес-службата на Кабинетот на Иванов. […]

Во Македонија сто илјади деца живеат во сиромаштија


Детската сиромаштија зема замав, истражувањата покажуваат дека таа влијае врз сите аспекти од животот и има долгорочни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата. Од негативните ефекти не се засегнати само идните генeрации, туку и општеството и економијата на земјата. Сто илјади деца, односно секое четврто во Македонија живее во сиромаштија. Податоците на […]

Од септември пет отсто повисоки плати во образованието, здравството и градинките


Вработените во градинките, училиштата и болниците ќе имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата што ќе се исплати во октомври. Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми […]

Апелот на Заев до бизнисмените неприфатлив за МОСТ


Според извешттајот на МОСТ за периодот 3-16 септември, единствениот субјект кој има интензивни активности на терен е коалицијата „Заедно за европска Македонија“. Забележани се главно директни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања врата до врата. Забележан е и значително помал процент на активности на субјекти кои пропагираат граѓаните да не гласаат на […]

Нема лабаво ни со Кристијанштад


Ако се слушаат спортските обложувалници, Вардар е апсолутен фаворит во мечот против шведскиот првак Кристијанштад. За победа на нашиот тим, се добиваат мизерни 1.09 на секој вложен денар. Таа улога мора да биде потврдена на теренот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска од 17:30 часот. Двете екипи досега се сретнаа шестпати и во сите натпревари […]

Љубчо Георгиевски агитира „за“


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, влезе во кампањата „за“ договорот со Грција. Во рекламниот спот, тој ги убедува граѓаните да излезат и да гласаат за спогодбата од Мала Преспа, оти во спротивно, ризикуваат следните две, три или повеќе децении да се викаме Поранешна југословенска република Македонија. Неговиот настап се издвојува од остатокот на убедувачите, […]

Девет деца загинаа во експлозија на бомба во северен Авганистан


Девет деца загинаа синоќа во експлозија на експлозивна направа во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на властите. Во експлозијата во округот Шерин Тагаб повредени се и четири лица, изјави член на регионалниот совет. Друг претставник на советот изјави дека мртвите биле осум, а повредените петмина. Бомбата била поставена во близина на […]