Според „Екатимерини“ МИА сменила изјава на Заев по барање на Атина


Грчкиот весник „Екатимерини” открива дека по интервенција од Атина македонската државната новинска информативна агенција ја сменила изјавата на премиерот Зоран Заев дадена за Македонската телевизија во Вашингтон. На интернет страницата на МРТ стои непроменетата изјава на македонскиот премиер. Во изјавата за МРТ, по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Вашингтон, Заев вели дека […]

Солана: Преспанскиот договор – надеж за другите конфликти во регионот


Во колумна објавена на „Проџект Синдикејт“, поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана, се осврнува на претстојниот референдум за договорот за името и значењето на оваа спогодба за решавањето на други билатерални спорови. Преспанскиот договор, пишува Солана, „нуди одржлив модел за решавање на споровите на други места, бидејќи тој отелотворува сеопфатен пристап […]

Европарламентарци на „точак” во Берово


Берово отсекогаш бил град во кој турзимот е гранка на која секогаш се посветувало огромно внимание, било да се работи за планински, угостителски, рекреативен или бил каков друг вид на туризам кој и носи бенефит на општината. Од таа причина Берово секогаш е атракција за домашните туристи најчесто од главниот град, но во последните една до […]

Видео порака од претседателот Емануел Макрон


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, утрово испрати видео порака со која им се обрати на граѓаните во Македонија околу референдумот. Пораката беше објавена на сајтот на француската амбасада во Скопје, додека Ален Ле Роа, преставник на француското МНР, престојува во земјата. Во пораката тој го поддржа Преспанскиот договор оценувајки го како „срцето“ на нашата иднина, […]

(ВИДЕО) Тексас: Татко и син го убија соседот поради кавга за душек


Кавгата помеѓу две семејства во Тексас почнала поради фрлањето ѓубре на улица. Прво, тие се расправале за тоа каде на улицата треба да се фрла ѓубрето, а откако навредите преминале во закани, таткото и синот од едно семејство го убиле 37-годишниот маж од соседната куќа. Целата кавга во врска со убиството беше снимена и објавена […]

„Њујорк тајмс“: Вториот човек на американското обвинителство сакал тајно да го снима Трамп


Весникот „Њујорк тајмс“ пренесува дека вториот човек во американското обвинителство Род Розенстин им најавувал на колеги дека планира тајно да го снима претседателот Доналд Трамп и се обидувал да иницира постапка за отстранување на претседателот од функцијата. Според весникот, Розенстин на повеќе средби со високи безбедносни офицери дискутирал како најлесно може да се снимаат разговорите […]

Тодоров: Ќе гласам на референдумот, ама како вмровец срцето не ми дава да заокружам „за“


Поранешниот министер за здравство и член на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров потврди дека нема да го бојкотира претстојниот референдум, но оти ќе направи гласачкото ливче да биде неважечко. Тој вели дека откако претходно се залагал дека секое евентуално решение треба да помине на референдум пред граѓаните, сега не би било коректно да бојкотира или да повика […]

Напад со нож во Њујорк, избодени три бебиња и двајца возрасни


Три бебиња и две возрасни лица беа прободени со нож во градинка во Њујорк, соопшти денеска полицијата и додаде дека повредените биле префрлени во болница. Полицијата уапси една осомничена жена, која работела во приватна градинка во која во моментот на нападот имало девет бебиња. Жената била пронајдена во подрумот на зградата додека се обидувала да […]

Лавров: Лажна е тезата дека Балканот треба да избира меѓу Западот и Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска во Бања Лука дека е лажна тезата дека балканските земји треба да бираат меѓу развивање на добри односи со западните земји или со Русија. – Неприфатливи се постапките на разни надворешни играчи, кои се обидуваат на народите на Балканот да им наметнат вештачки избор – дека […]

Нови превирања во коалицијата на Меркел


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави дека владејачката коалиција ќе го преиспита договорот со кој досегашниот шеф на безбедносната служба БФВ Ханс Георг Мазен беше сменет од функцијата и поставен подобро платена позиција во Министерството за внатрешни работи, јави новинската агенција ДПА. Ова предизвика нови поделби во коалицијата на конзервативните партии ЦДУ и ЦСУ со […]

Лавров: За разлика од Западот, Русија не се меша во референдумот во Македонија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Бања Лука негираше дека Русија се меша во исходот на референдумот за името во Македонија, јави новинската агенција ФЕНА. – Русија со ништо не се обидела да влијае на исходот на референдумот за името во Македонија, додека пак гледаме како многубројни европски и американски функционери навиваат […]

(ВИДЕО) Џозеф: Ако јас бев Македонец, ќе гласав на референдумот


Средбата на премиерот Зоран Заев и потпретседателот на САД Мајк Пенс претставува силна порака од американската влада за поддршка на позитивен исход на референдумот на 30 септември, вели долгогодишниот аналитичар за Балканот, Едвард Џозеф, а пренесува „Гласот на Америка“. „Граѓаните сами да ги читаат и слушаат изјавите од лидерите, за да не бидат под влијание […]

Службеник на Светска банка, бегајќи од кучиња скитници во центарот на Скопје, скршил нога


Службеник  на Светска банка бил нападнат  од кучиња-скитници додека трчал на кејот на Вардар  во центарот на Скопје. При бегањето од кучињата си ја скршил ногата, објавува порталот „Сакам да кажам“ со дополнение дека настанот бил потврден и од канцеларијата на Светска банка во земјава. Како што пишува порталот, службеник на Светска банка, кој бил во посета […]

Тевдовски: Со влезот во ЕУ и НАТО ќе растат и платите


Растот на платите и проектите за локален развој беа една од темите во фокус на денешната средба на министерот за финансии Драган Тевдовски со граѓаните и стопанствениците во Демир Хисар. – Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари. Ги зголемивме платите за пет проценти во образованието и здравството. За 10 проценти се зголеми платата […]

Ципрас и Каменос во март следната година повторно ќе разговараат за договорот од Преспа


Во март следната година коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос одново ќе разговараат за договорот од Преспа. Ова според грчката новинска агенција АНА-МПА било тема на средбата на грчкиот премиер и министерот за одбрана. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за средбата нема официјални информации, а АНА-MПA, повикувајќи се […]

Рама за идејата за менување на границите: Се наоѓаме пред историска шанса!


Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи ја идејата за менување на границите меѓу Косово и Србија, рече дека тоа е историска шанса што доаѓа еднаш на 30 години иако, како што додаде, се уште нема некоја финална идеја за ова прашање. Рама не се изјасни директно за или против менувањето на границите, кое го предложија претседателите […]

Трамп со поддршка за судијата Кавано кој е обвинет за сексуален напад


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му изрази силна поддршка на кандидатот за судија на Врховниот суд на САД Брет Кавано, кој беше обвинет за сексуален напад извршен кога имал 17 години од страна на тогашната соученичка Кристина Блејзи Форд. – Судијата Брет Кавано е добар човек со беспрекорен углед, кој е нападнат од страна на […]

Круемади: Парите од дрогата завршуваат или кај Рама или кај меѓународните претставници


Моника Круемади, претседателката на третата по голема албанска политичка партија – Движењето за социјалистичка интеграција – упати сериозни обвинувања велејќи дека парите од канабисот, кој според неа се одгледува низ цела Албанија, завршуваат кај премиерот Еди Рама или кај меѓународните претставници кои молчат пред овој криминал. – Лазарат, кој се нарекуваше фабрика за марихуна, беше […]

Сиромаштијата и дискриминацијата во фокусот на граѓанските новинари


„Спрега меѓу нас, новинарите и граѓаните станува се поцврста и позначајна денеска кога новинарството станува сѐ побрзо заради социјалните мрежи и намалувањето на дописничките мрежи. Граѓанските новинари со проблемите кои ни ги посочуваат, ни отвораат нови аспекти и ни даваат повод да правиме емисии и стории, изјави Сања Васиќ, уредник и новинар во Телевизија Телма, […]

Хрват во Германија крадел монети од јавните тоалети, па со парите си купил куќа


Хрватот Стјепан К. е осомничен, пишува „Билд“, дека со години крадел пари од јавните тоалети на железничката станица во Минхен. За неколку години, пишуваат германските медиуми, тој украл 425.000 евра во монети. Случајот е откриен минатата година, а сега почнува судењето. На почетокот на судењето, 63-годишнкиот се бранел со молчење. Обвинителството го товари Хрватот дека […]