Лавров: За разлика од Западот, Русија не се меша во референдумот во Македонија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Бања Лука негираше дека Русија се меша во исходот на референдумот за името во Македонија, јави новинската агенција ФЕНА.

– Русија со ништо не се обидела да влијае на исходот на референдумот за името во Македонија, додека пак гледаме како многубројни европски и американски функционери навиваат за исходот на референдумот, изјави Лавров.

На средбите со претседателот на Република Српска, Милорад Додик и со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, Лавров рече Русија е против наметнувањето на „вештачки избор“ пред балканските држави, кои се принудуваат да се изјаснат дали се „со Запад или со Русите“.