Ливерпул пред договор со Дани Себаљос


Ливерпул е блиску до потпишување на четиригодишен договор со младата надеж на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Трансферот се очекува да изнесува околу 40 милиони евра, а минатата година, „кралевите“ на Бетис платија 18 милиони евра за неговите услуги. Дваесет и едно годишниот фудбалер ретко добива шанса од Зинедин Зидан. Себаљос потпиша шестгодишен договор по неговото […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството


ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците, го уназадија земјоделството, а преку погубните политики се создаваше непријателски однос меѓу земјоделците и откупувачите, се вели во соопштението на СДСМ. “Според јавно достапните информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги […]

Почнува пријавувањето за субвенции за велосипеди од Град Скопје


Од утре почнува пријавувањето за субвенции за купување велосипед што ќе ги доделува Град Скопје. Огласот за пријавување со наведените критериуми ќе биде објавен на официјалната веб страна на Град Скопје и во дневниот печат. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице ќе изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но […]

(Видео) Во Zan Mitrev Clinic презентиран модел на тродимензионално срце


Модел на тродимензионално срце на млад пациент денеска беше презентиран во „Zan Mitrev Clinic“, со помош на врвна нова технологија што ја имаа оваа клиника и за првпат во државата, соопштија од „Zan Mitrev Clinic“. Вакви модели можат да се прават за други пациенти и за други органи и тоа многу ја олеснува дијагностиката, велат од […]

Фејзи Азири од болница е повторно вратен во затворот во Штип


Еден од обвинетите во случајот Монструм, Фејзи Азири е вратен во затворот во Штип. Со полициско обезбедување тој бил спроведен околу 13.30 часот, потврдија од затворската управа за тв24. Денеска Кривичниот совет одлучи обвинетиот Азири да биде вратен во затвор, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување на оружје. Како што соопштија од […]

Влада: Ќе има нова средба Димитров-Коѕијас, датумот не е утврден


Од Владата потврдуваат дека до крајот на месецов треба да има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, но точниот датум се уште не е утврден. „До крајот на месецот ќе има нова средба, а датумот се уште треба да биде потврден меѓу министрите за надворешни […]

Бошњаковски: Сите материјали и целосната надлежност за „Монструм“ се во судовите


Во овој момент како Влада нема да си дозволиме да коментираме судска постапка што е во тек и укажуваме дека сите материјали и целосната надлежност се во рамки на судовите во Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање, каде се разговорите меѓу обвинетите и Невзат Бејта за […]

Тргна екоавтобусот од Автокоманда до Сарај


Полскиот екоавтобус на гас производство на „Соларис“ се вклучи во јавниот сообраќај. Во наредните 40 дена ќе вози на линијата „2“ од Автокоманда до Сарај и обратно. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас. Споредено со потрошувачката на старите дизел-автобуси, овој автобус троши двојно помалку, што […]

Еколозите му пишаа на Заев: Стопирајте ги градбите во Охрид!


Неколку еколошки здруженија испратија допис до претседателот на Владата Зоран Заев и од него бараат да се прогласи мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион. Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест се повикуваат на извештајот на Реактивната мониторинг […]

Во Германија уапсен менаџер од Порше


Германската полиција го уапси шефот на одделот за развојот на мотори во „Порше” и тој се наоѓа во притвор. Тој е приведен бидејќи постоело сомнение дека може да побегне од земјата, јавија германските медиуми. Портпаролот на Порше одби да даде коментар. Германскиот дневен весник „Билд ем Зонтаг“ претходно објави интерна порака од извршниот директор на […]

Кањељас потпиша за ПИК Сегед


Бекот на европскиот шампион Вардар, Жоан Кањељас од следната сезона ќе го носи дресот на ПИК Сегед, потврдија официјално од унгарскиот тим. Триесет и едногодишниот Кањељас потпишал двегодишен договор со ПИК Сегед. „Среќни сме да соопштиме дека Жоан Кањелас ќе го засили ПИК Сегед од летово“, пишува на официјалната веб-страница на тимот. За бекот на […]

Возачот и членови на обезбедувањето на Груевски сведочат во „Тенк“


Денешното рочиште за случајот „Тенк“ почна со сослушување на сведокот Љупчо Цековски, вработен  во МВР.  Покрај него денеска како сведоци на одбраната во Судот се присутни уште 10 лица, како и обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски. Гордана Јанкуловска не е присутна, бидејќи на минатото рочиште за неа беше издвоена постапката поради ризична бременост. Сведокот Љупчо […]

Иванов: На регионот му е потребно партнерство во безбедноста


Вистинскиот збор што му е најпотребен на нашиот регион во полето на безбедноста е партнерство што се постигнува со градење доверба заради веродостојни податоци, заеднички операции и заштита на информацијата, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Скопје на отворањето на состанокот на директорите на Агенциите за разузнавање од земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. […]

Продолжи судењето на Груевски за мерцедесот


Денеска во кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, во кој се обвинети експремиерот Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. На минатото рочиште судот одлучи на Јанкулоска да ѝ […]

Венгер си заминува од Арсенал


Арсен Венгер, тренерот со најдолг стаж во историјата на Премиерлигата одлучи да го напушти Арсенал. Францускиот стратег иако имаше уште една година од актуелниот договор со „топчиите“, сепак, Венгер денеска самиот обелодени дека на крајот на сезонава ќе се повлече од функцијата што ја извршуваше во изминатите 22 сезони. „Чувствувам дека сега е вистински момент […]

Не останал исправен велосипед за проектот „Изнајми велосипед“?


Нема абер од почеток на проектот „Изнајми велосипед“ на ЈП „Градски паркинг“, иако во ова време од годината тој вообичаено функционира. Во изминативе седум години, откако тој се спроведува со цел за промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, на 1 април скопјани веќе можеа да ја користат можноста за 10 денари од час да […]

Балкански бауч над Европа


Ерол Ризаов Европските политичари и медиуми не ни оставија на раат ни еден ден да се порадуваме на вестите што ни ги донесе Брисел дека сме на добар пат кон ЕУ. Ќе почнеме да преговараме за членство набргу или еден убав ден кога ќе стаса тестото што треба да го месиме. Ни рекоа – имате […]

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатено решение за името


Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис. Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во ЕЛЕМ вработува партиски кадри без оглас


Додека АД ЕЛЕМ се соочува со пропусти во производството и загуби, раководството на претпријатието наместо во нови инвестиции и развојни проекти парите ги троши за вработување на партиски кадри, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ. „СДСМ без распишан оглас за вработување ги вдоми во АД ЕЛЕМ на државна плата синот на Мирослав Грчев, човекот за кој […]

Се е до перспективата


Петар Арсовски Сите велат дека нашите очекувања се превисоки. Јас, пак, мислам дека се прениски. Последнава година можеби на вистински начин покажува колку далеку нашето општество потонало во претходната деценија. Со секој циклус од веќе перманентната системска криза – бидејќи таа не е само политичка, туку задира во сите пори на нашиот живот – пронаоѓаме […]