Венгер си заминува од Арсенал


Арсен Венгер, тренерот со најдолг стаж во историјата на Премиерлигата одлучи да го напушти Арсенал. Францускиот стратег иако имаше уште една година од актуелниот договор со „топчиите“, сепак, Венгер денеска самиот обелодени дека на крајот на сезонава ќе се повлече од функцијата што ја извршуваше во изминатите 22 сезони.

„Чувствувам дека сега е вистински момент да се повлечам, на крајот од сезонава. Благодарен сум што ја имав привилегијата да му служам на клубот толку многу незаборавни години. Порака до сите фанови на Арсенал – почитувајте ги и чувајте ги вредностите што ги негувавме со години заедно“, порача Венгер. Тој ќе го напушти клубот забележан во неговата историја како најуспешен стратег на „топчиите“ освојувајќи десет трофеи, меѓу нив и три премиерлигашки титули (една од нив перфектна, без ниту еден пораз, 2003/2004).