11-годишно девојче прегазено на скопски булевар од млад возач


Фото: Б. Грданоски

Млад возач со „ауди“ прегази малолетничка на скопски булевар. 

– На 5.8.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од полицијата во дневниот билтен. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.