Џи-кју: Ник Џонас е машка модна икона за 2018 година


САД – Ник Џонас е прогласен за маж со најдобар моден стил за 2018 година од страна на магазинот Џи-кју.

Пејачот ја доби оваа ласкава титула откако фановите го изгласаа за славната личност со најголем моден стил во анкетата на интернет-страницата на магазинот, а избран е во конкуренција со 64 други мажи, помеѓу кои Рајан Рејнолдс, Џон Леџенд и Џеф Голдблум.

Магазинот го пофали за неговиот необичен стил, кој е опишан како крајно естетски. Исто така, Џи-кју обрна посебно внимание на неговото неодамнешно венчавање со глумицата Пријанка Чопра, кое е опишано во магазинот како бајковита модна ревија.

Имено, во свој стил Ник Џонас направи неколку промени, а најголем шок за јавноста беше носењето на традиционалната индиска облека во чест на неговата сопруга.

„Ако ништо друго, Ник е одличен пример дека брендираната облека не мора убаво да му прилега на секој човек. Кога знаете да го носите нештото, едно обично парче облека може да изгледа како најелегантната работа на целата планета“, стои во магазинот Џи-кју.