Џиџи Хадид нема да учествува на ревијата на “Викторијас сикрет“ во Шангај
КИНА- Џиџи Хадид нема да учествува на ревијата на “Викторијас сикрет“. Славната манекенка, одлуката ја објави на социјалните мрежи и не даде објаснување за откажувањето. Само им посака среќа на своите колешки-учеснички.
На најскапата модна ревија во светот на американскиот бренд за долна облека, годинава ќе има рекорден број на девојки од Азија – вкупно седум модели, што е најмногу во историјата на брендот. На годинашното шоу на 28 ноември за прв пат ќе се одржи во Азија, поточно во Шангај, Кина. Ѕвезди се ветеранките од престижната модна писта Адриана Лима, Алесандра Амброзио, Бехати Принсло, Кендис Сванепол, Лили Олдриџ, Јасмин Тукс… и петнаесет нови имиња.
Градникот на фантазиите кој чини 2 милиони долари годинава има чест да го носи Бразилката Лаис Рибеиро. Биле потребни 350 часа за да се изработи, а изгледот на градникот е надополнет со декорација со скоро 6.000 скапоцени камења.
Модното шоу на „Викторијас сикрет“ лани беше следено од 1,4 милијарди луѓе. Во музичкиот дел,во игра се Тејлор Свифт, Хари Стајлс и Кети Пери, но се уште не е официјално потврдено дали тие ќе настапат на еден од најголемите модни настани во годината.