Ќерката на Двејн Џонсон е мис Златен глобус за 2018


САД- Симон Гарсиа Џонсон (16) ќерката на актерот Двејн Џонсон е избрана за мис на Златен глобус за следната година. Филмската награда Златен глобус што ја доделува Здружението на странски критичари во Холивуд , се смета за една од најпрестижните во филмскиот свет, по Оскарите. Оваа титула претходно ја имаа ќерките на актерот Силвестер Сталоне, ќерката на Џејми Фокс, како и Дакота Џонсон, ќерката на Дон Џонсон и Мелани Грифит.

  1. Златен глобус ќе биде доделен на 7 јануари, а номинациите ќе бидат соопштени на 11 декември.