ЈСП: Автобусот за прославата на „Актор“ бил изнајмен за 400 евра


Двокатниот автобус со кој се превезувале вработени, супервизори и други лица на прославата на Актор по повод отварањето на делницата Демир Капија-Смоквица бил најрегуларно изнајмен, информираат од ЈСП.

„Автобусот е изнајмен од страна на ‘Далма фоод кетеринг‘ за 24.500 денари за еден ден. Нема ништо спорно. Автобус од ЈСП може да изнајми кој сака, за тоа си има утврдени услови, ценовник кој постои веќе неколку години“, вели Кристијан Чушков, директор на ЈСП во изјава за „Независен весник“.

Автобусот, трубачите, репертоарот на музиката, воопшто видеото од вчерашното свечено пуштање во употреба на автопатот ги преплави медиумите. Дури и „Актор“ денеска се огласи за случајот. Информира дека бил организатор на прославата и се извинува доколку нешто некому било згрешено. (Д.Т.Д.)