Ѓоковиќ го совлада Долгополов во Рим
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Украинецот Александар Долгополов со 2:0 во сетови (6:1, 6:3) во првото коло на Мастерсот во Рим.
Ѓоковиќ го победи украинскиот тенисер за 56 минути и го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава, откако се врати на терен по повредата.
Српскиот тенисер рутински го доби првиот сет, додека во почетокот на вториот имаше мал пад на концентрација, но проблемот брзо го надмина и успеа да победи.
Ѓоковиќ има стопроцентен учинок на средбите со Долгополов и на шесте меѓусебни натпревари има остварено победи.