Ѓоковиќ: Вредеше да се чека за овој момент
Најдобар српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на трофејот на Синсинати и комплетирање на „Златниот Мастерс“ рече дека вредело да се чека и оцени дека можеби нереално брзо се врати на високо ниво по операцијата.
– Ова е навистина посебен момент за мене. Првпат стојам овде со победничкиот трофеј по пет изгубени финалиња. Вредеше да се чека за овој трофеј кој ми недостасуваше. Тешкиот период по операцијата е зад мене. Можеби не е реално што толку брзо по рехабилитацијата го освоив Вимблдон, а сега и Синсинати, рече Ѓоковиќ.
По победата над Федерер во синоќешното финале, Ѓоковиќ е првиот во историјата со освоени трофеи на сите Мастерс турнири.
Покрај тоа има и трофеи на сите (четири) Грен слема, како и шампионски пехар од Дејвис купот со репрезентацијата на Србија.