Штипјанец под истрага за продажба на марихуана
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што соопшти Јавното обвинителство, при претрес во домот на осомничениот биле пронајдени околу три килограми наркотична дрога – марихуана, која неовластено ја произведувал и продавал.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.