Шик и на високи потпетици: Меган во светкава креација за добротворно шоу
Англија- Меган, војвотката од Сасекс блескаше во сина светкава тоалета на Роланд Муре на шоуто „Тотем“ на Cirque du Soleil , во добротворни цели. Иако во поодмината бременост, поранешната американска актерка, избегнува трудничка облека и носи свечани долги тоалети кои ги комбинира со сандали со високи потпетици. Забележано е дека од накит ја ставила алката која некогаш и припаѓала на леди Дијана, мајката на принцот Хари.
И претходно Меган, освен со вестите дека персоналот и бега заради незгодниот карактер, привлекува внимание во јавноста со гардеробата со цел да ја засени Кејт Мидлтон.
Неодамна ја подели јавноста со изборот на колоритна модна комбинација на првата јавна прошетка со принцот Хари во новата година. За оваа пригода, Маркл облече виолетов миди фустан од марката Ариција и капут „Сенталер“ во силно црвена нијанса.