Шелтон најсекси маж


Кантри-пејачот Блејк Шелтон е најсекси маж на планетата

 

Блејк Шелтон стана првиот кантри пејач, избран од магазинот „Пипл“ за најсексапилниот маж, што го натера да престане да биде скромен за неговиот надворешен изглед, пренесуваат медиумите.

“Јас сум грд цел живот“, рече Шелтон (41). “Ако би можел да бидам секси една година, прифаќам“, рече тој.

Шелтон, роден во Оклахома, стана многу популарен десет години по неговото деби, како судија во телевизискиот натпревар „Гласот“.Претходно овој месец го издаде својот нов албум „Texoma Shore“. Шелтон изјави за „Пипл“ дека тој едвај чека да го позадева својот колега Адам Левин со неговата титула, бидејќи тој ја доби во 2013 година.Што се однесува до тоа како ја одржува формата, Шелтон вели дека се труди да се храни здраво, но тоа понекогаш не му успева, особено кога е дома во Оклахома.

Шелтон беше во брак со пејачката Миранда Ламберт, но веќе неколку години е во врска со поп-ѕвездата Гвен Стефани. Тој призна дека таа го охрабрувала да ја прифати титулата „најсекси човек“.

Претходни носители на титулата се Двејн Џонсон, Бред Пит, Џорџ Клуни, Џони Деп, Харисон Форд, Рајан Рејнолдс и Дејвид Бекам.