Црвениот килим на 90. Оскари: Кој воодушеви, а кој потфрли?


САД– Оскаровката Никол Кидман воодушеви со синиот фустан со голема панделка на „Армани Приве“ синоќа на црвениот килим на  90. Оскари во Лос Анџелес. Номинираната за „Оскар“ Марго Роби изгледаше прекрасно во фустан на „Шанел“, а Џенифер Лоренс играше на сигурно во златната тоалета со потпис на „Диор“.

Јубилејното доделување на најпрестижните филмски награди беше во знакот на белата, сината и црвената боја, а речиси сите актерки за оваа најважна филмска ноќ избраа едноставни, елегантни кроеви, без шокантни шлицеви и длабоки деколтеа.

„Гучи“ тоалетата на Салма Хаек ги подели мислењата во Холивуд. Некои ја сметаа за невкусна а други за неодолива, додека единствено Тараји П. Хенсон се одважи за сексапилна креација на Вера Ванг.

Ема Стоун, ланската добитничка на „Оскар“ за најдобра женска улога, се појави во сако и пантолони, костум специјално дизајниран од модната куќа „Келвин Клајн“.