Цела седмица Груевски во судница


На поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, од утре до петок, ќе му се суди во континутет за неколку кривични предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, јавува правосудство.мк
Тој утре треба да се најде на обвинителна клупа за случајот  „Тенк“, односно за набавката на службениот „мерцедес“ вреден 600.000 евра. На судењето, кое ќе продолжи во среда и во четврток, заедно со Груевски  треба да дојде и обвинетата Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи.
Во вторник, кога на Груевски ќе му се суди за „шамарите во општина Центар“, во скопскиот кривичен суд треба да се појави и обвинетата Елизабета Канческа-Милевска, поранешната министерка за култура, но таа за случајот „Тендери“.  Во петок кога  на Груевски му е редовен ден за јавување во судот, но и  за кога е закажано рочиште за случајот „ТНТ“, односно за бесправното уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“, тој ќе може да ги сретне обвинетите за нелегално прислушување.

Пред само десетина дена, во изјава, по завршено судско рочиште, Груевски се пожали дека толку често е во судот што е надева дека ќе му дадат канцеларија таму.