Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работите во емоционалната сфера заживуваат, ги прекрива некој убав сјај: со Месечината во Лав лесно ќе се изразувате и креативно ќе го искористите потенцијалот за комуникација. Забавни сте и спремни да лудувате, а вашите сакани го забележуваат тоа и се заинтересирани за вас. Љубовни радости.

БИК: Можеби ќе се соочите со нечија агресивност уште рано изутрина, а која ќе доведе до позитивни пресврти во ваша корист. Потребна е искрена консултација со некој вам близок човек, по која што ќе дојдете до свежи откритија. Бидете релаксирани, чекорете сигурно и не се сомневајте во себе.

БЛИЗНАЦИ: Нема смисла да размислувате дека светот не може да продолжи без вас, тоа никако не може да биде точно. Синото не може да биде црвено, ниту обратно. Го чекате времето да полетате и станувате нетрпеливи, затоа внимавајте. Вложете поголем напор и бидете поумерени во своите забелешки за светот.

РАК: Денес сте спремни да ги отфрлите сите оние работи кои што ве задушуваат и ви причинуваат тешкотија, а особено оние со семеен карактер. Ќе сакате да се дистанцирате на кратко од најблиските – пријателите и роднините – имате чувство кое што ве обзема целосно:потребна ви е слобода како никогаш до сега!

ЛАВ: Ова е ден кој што ќе биде окарактеризиран со љубовни средби: светот ви носи убави познанства, кои би можеле да имаат трајна природа. Излезете на ручек, со старите пријатели, појдете на игранка со новите и уживајте во денешниот исполнет распоред. Професијата бара да ги култивирате односите со колегите.

ДЕВИЦА: Под влијание на планетите од Јарец вашето срце го забрзува чукањето: сега сакате нова страст во животот! Оваа желба е толку силна и вашиот шарм е неодолив, така што многумина ќе потклекнат пред вашата прекрасна личност. Расположението се пренесува и на професионален план: ден за истражување.

ВАГА: Денес ќе ви биде потребна помош од колегите и тимски напор. Доколку се чувствувате притиснато во интимната сфера и барате начин како да се ослободите од врските кои што повеќе немаат жар, внимавајте да не избрзате во носењето на заклучоци. Што и да одлучите, сепак нема да биде погрешно.

СКОРПИЈА: Вашиот љубовен живот добива нов тек: ви се врти во главата од некоја нова средба и не можете да си дојдете на себе од впечатокот што го остава оваа личност. На праг сте на убава љубовна приказна, пријатели. Нема потреба да брзате и да се откриете веднаш, впрочем, тоа не е ваш стил. Бидете таинствени!

СТРЕЛЕЦ: Ова е ден со тенденција да бидете апатични: можеби сте веќе изморени и ви е потребен одмор? Денес ќе треба да почекате уште малку со своите проекти, но тоа нека не ве обесхрабрува. Не барајте грешки кај блиските, особено не во саканите – тие се тука секогаш до вас! Сакате слобода, а до која доаѓате утре.

ЈАРЕЦ: Се чини дека ова ќе биде прекрасен ден на повеќе полиња: вашата зрелост и резон ви гарантираат дека ќе уживате во искрената љубов од страна на љубените. Запознавање на нови пријатели и воспоставување на нови професионални врски. Сето ова ќе ви помогне да си ја вратите самодовербата.

ВОДОЛИЈА: Уживање во искрена љубов и симпатија, со вашите блиски и сакани – ова е прекрасна атмосфера за запознавање на нови пријатели кои ќе донесат голема радост во вашиот живот. Работите се менуваат и аргументите ќе пукнат како балон закачен на новогодишната елка. Помалку его, а повеќе љубов. Славење!

РИБИ: Вашиот интимен живот бара внимание и добро загледување во огледалото: можеби нема да ви се допаѓа ликот што ќе го видите таму, но јасно ќе ви покаже што би требало да се менува. Внимавајте на можни промени на работното место, кои може да го загрозат проектот врз кој работите долго.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]