Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Колку и да сакате да ги забрзате работите, сепак нема да успеете. Можеби ќе се соочите со груби и брзи реакции, кои ќе ги доживеете како забивање на ножеви во грб. Останете фокусирани на целта и како воз кој што проаѓа низ тунел, продолжете и кога условите се нејасни. Набрзо ќе имате причина да славите.

БИК: Ретко кој може да го следи вашето бавно темпо: Месечината во Близнаци не го дозволува тоа. Ова е период кога сè е можно, празниците се за правење на желби, а празните торби се најтешки. За да ја омекнете грубата реалност, добро е да се шегувате и да не очајувате. Сите планови ќе се остварат, насмејте се повеќе!

БЛИЗНАЦИ: Како никогаш до сега сакате да го живеете својот сон и грчевито се држите за идејата каков тој треба да биде. Со тоа самите се ограничувате, а потоа доаѓате до конфликт со останатите. Повеќе не се знае кој прв почнал: дали вие ги изместивте вредностите или луѓето си заминаа сами од себе? Имате и тајна.

РАК: Зборовите ви бегаат токму кога ви се најпотребни – се прашувате зошто е така? Тркалото на среќата се врти во друга насока и сега ви е потребен совет како понатаму. Половина прочитана книга е како половина завршена љубовна приказна и ова е само транзиција низ еден циклус. Најдете време за медитација.

ЛАВ: Денес е ден кога ќе треба да посведочите за својата работа: ќе се претставите пред влијателни поединци и со тоа ќе си ја вратите самодовербата. Балансирајте добро, проширете ја својата друштвена мрежа и уживајте во својата привилегирана позиција. Време е да инвестирате во својата професија.

ДЕВИЦА: Ајде да се запрашаме: има ли пилот во авионот? Разбудете ги своите инстинкти за да разберете како да продолжите напред. Ова е прекрасен ден за напредување и добро е да ѝ верувате на интуицијата. Ако нешто не ви се допаѓа, оставете си простор да заминете и да летнете кон краишта со почисти неба.

ВАГА: Се чини дека сте задоволни со постигнатото и мирно им се посветувате на саканите цели. Штом ја имате оваа смиреност, нема потреба да се напрегате за да добиете признанија од другите – тие ќе си дојдат сами. Постојат авторитети кои веруваат во вас и кои ќе се појават во вистинското време. Нови инвестиции.

СКОРПИЈА: Ако чекате на вистинските услови, тие никогаш нема да се појават – ќе останете со празни раце токму сега кога сите се веселат. Можеби вашиот продукт не е целосно готов да биде претставен, но тајмингот е совршен, затоа не чекајте! Раширете ги своите крила и препуштете му се на брзиот ритам. Ќе се освежите!

СТРЕЛЕЦ: Сосема тивко ги привршувате почнатите проекти не брзајќи никаде. Знаете дека пред вас е година на успеси и добро балансирате со својата физичка сила. Наскоро ве очекуваат нови почетоци и партнерства, по кои ќе бидете запаметени. За да го постигнете тоа, најдете време да размислите за сè од ново.

ЈАРЕЦ: Реновирање во својата средина – ова е време кога го менувате начинот на кој што се поврзувате со луѓето и ги дефинирате овие врски. Нов стил и имиџ, како и изолација од оние кои што не ве прифаќаат онакви какви што сте. Изворот на креативноста доаѓа од успешно поврзување на машкиот и женскиот принцип.

ВОДОЛИЈА: Како првиот лет на пеперутката: ги ширите своите нежни крила и безгрижно продолжувате кон непознатиот свет. Сè што имате е храброст и искуство, а потребен ви е канал преку кој што би се изразиле. Ова е природен процес, така што ако сте понудиле црвлива јаболка, ќе добиете иста таква за возврат. Учете!

РИБИ: Пак истата состојба: толку многу синхроницитети, та што сака ова да ве научи? Се случуваат неочекувани промени, но со ист карактер. Можеби ќе треба од ново да почнете повторно? Сите случки во вашиот живот се поврзани и ова е моментот кога воочувате дека тие ве водат во вистински правец. Балансирајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]