Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


OВЕН: Се чини дека работите постануваат ладни и ќе треба да вложите поголем напор за да ги загреете односите во социјалната средина. Како мразокршач на северните мориња. Имајте во предвид дека го имате потребниот талент за тоа, затоа не се воздржувајте, туку препуштете му се на тимскиот напор. Баланс!

БИК: Ова е веќе перверзија, зарем уживате во нечесноста која што се одигрува околу вас? Заземете ладен, дистанциран и објективен став, а ако треба повлечете се за да ја разјасните ситуацијата. Бидете фер и слушајте добро. Додајте логика таму каде што ја нема и чувство во искушувачките ситуации. Ќе дојдете до мир.

БЛИЗНАЦИ: Зад вас се убави постигнувања, но ќе ја потрошите сопствената приказна ако продолжите да се искраднувате и да ги користите туѓите идеи. Најдобро е да засукате ракави, да ги преземете работите во своите раце и да ги средите сите невешто врзани договори. Обидете се да не се повторувате. Напредување.

РАК: Можеби работите не се одвиваат онака како што сакате, но тоа не е причина да фрлите сè во ветер! Подобро е да го следите добро познатиот пат, отколку да се впуштате во авантури со неизвесен исход – користете ја својата интуиција, како и советите на некоја зрела жена. Месечината во Риби ви е сојузник сега. Среќа.

ЛАВ: Трпеливо го чекате својот ред и добро се носите со креативните проекти – веќе имате зрел продукт, кој чека да биде дообликуван. Важна е и поддршката од влијателни личности и тоа е супер! Тие ќе ви помогнат да поставите зрела основа, која што ќе трае и во иднина. Уживајте ја својата добра среќа денес. Пат.

ДЕВИЦА: Денес се јавува потреба да ги водите и претставувате другите во некоја активност – почнувате нова шема. Првиот чекор кон ова е саможртвувањето во име на останатите – начин на кој што ќе дојдете до авторитетна позиција. Ќе успеете ако го користите својот статус за да напредува тимот. Имате поддршка.

ВАГА: Работите се менуваат со неверојатна брзина, имате чувство дека ништо не може да го сопре овој циклус на настани! Работите ќе профункционираат ако се здобиете со акутна свесност за круцијалните прашања. Сè друго е организирано и конструирано врз база на ова. Бидете објективни и одлучно дејствувајте. Идеи.

СКОРПИЈА: Средба со пријателите од минатото, која ќе разбуди блага носталгија. Не се фокусирајте на она што заминало, туку на она што сè уште е пред вас. Работите се одвиваат по свое темпо и набрзо ќе дојдете до саканата помош. Можеби денес ќе размислувате за своите надежи и соништа, а ќе дејствувате утре. Возбуда.

СТРЕЛЕЦ: Неколку аспекти укажуваат на потреба да побегнете и се ослободите од секој вид на ограничување. Нешто треба да остане во минатото, но прашајте се добро што е тоа? Ситуацијата бара искреност, но не и груби зборови, затоа мерете добро што ќе кажете. Ако треба, сочувајте го своето мислење за некоја тема.

ЈАРЕЦ: Нешто таите – самозадоволно си седите на страна и немате претстава како да продолжите. Идеи има, потребен е вистинскиот тајминг, а кој што доаѓа набрзо. На почеток може да е тешко, но како ќе се развива денот, така и вие ќе дојдете до информациите кои што може да го сменат вашиот живот на големо! Брзина.

ВОДОЛИЈА: Вашето искуство ќе ви биде од голема помош денес – ги гледате работите јасно, како ѕвездите на небото! Сега може да ги поврзете сите точки во една поширока слика. Ова е убав период пријатели, затоа не се фокусирајте на минатото, туку активно учествувајте во сегашноста. Среќа во интимната сфера.

РИБИ: Ако сакате да научите нешто повеќе за своите сакани, научете се да им посветите доволно време, во кое ќе може да ги запознаете подобро. Нема потреба од инволвираност на други луѓе или друштва. Ќе ја најдете потребната приватност во друштво на најблиските. Тие ви помагаат да стекнете верба. Такт.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]