Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Врзани сте со рокови, но стигнувате на време – го разгледувате понуденото и продолжувате напред. Денот е брз и брзо се гаси, затоа земете што ќе ви се даде и не инсистирајте да сте во центар. Треба добро да се познавате дали сте спремни за овие потфати. Загрејте се пред да влезете во рингот. Фокусирајте се.

БИК: Невидливи сили ви се на помош: успевате да се здобиете со признанија и да ја коригирате финансиската ситуација. Користејќи ја својата практична, упорна и стабилна природа, доаѓате до конкретни резултати. Ако сакате совет, еве еден пријатели: внимавајте да не се самовеличате и сѐ ќе биде во ред. Скромност.

БЛИЗНАЦИ: Растргнати на неколку страни: едно зборувате, друго правите, а трето таите. Да, ова е важно време за вас и работите на крупни проекти, кои при тоа вклучуваат неколку авторитети, а секој од својата област. Додека едниот тежнее кон сензитивен пристап, другиот инсистира на логична разврска. Време е за одлука!

РАК: Уживате во нега и поддршка од најблиските – можеби ќе земете слободен ден и ќе отпатувате на некое тајно место? Венера во Скорпија упатува на извесна мистериозност и длабочина, а Месечината во Водолија прави брзи и неочекувани промени. Информациите до кои што ќе дојдете ќе бидат уникатни.

ЛАВ: Вредни и посветени, денес е добро да ја кротите својата енергија и да направите пауза – до каде се вашите планови, има ли шанси да вродат со плод? За сега се гледа само првичната форма и треба да видите дали овие услови ви одговараат.Не може да смените кои сте и од каде доаѓате, но во тоа не сте сами.

ДЕВИЦА: Да не си потпевнувате: о не, не, не ми доаѓај дома? Нема потреба од толкава само-апсорбираност, отворете се и научете да примите шала! Изразете ја својата негувателна природа и снајдете се – воспоставете ситуација што може да се менаџира и оставете простор за пауза. Како мелодија: пауза пред рефренот!

ВАГА: Вашите пријатели лумпуваат, а и вие не сте далеку! Од една уста пренесено на друго уво – не си играјте со зборовите, бидејќи тие менуваат облик носени од ветерот. Зауздајте го добро својот темперамент и интелигентно заминете од ситуацијата која што не ви прилега. Зборувајте ја вистината, па што и да биде.

СКОРПИЈА: Се тетеравите и обидувате да фатите ритам со трката околу вас, сега кога ви е најпотребен одмор. Можеби не толку одмор, колку медитација за вашите идни планови, бидејќи сакате да уживате во една комплетна слика – не само да бидете составно делче, туку можеби и водечка улога. Условите се добри. Идеи.

СТРЕЛЕЦ: Само ретките околу вас знаат која е вашата движечка сила – полни со креативен потенцијал, денес е идеален ден за брзо комплетирање на работите. Информации со голем потенцијал и зрелост, кои може да ве доведат до саканата позиција. Емционално исполнети, се грижите задоволно за својот имот.

ЈАРЕЦ: Внимавајте добро каков впечаток оставате – нема потреба да се расправате како дволична жена, ладнокрвно и искалкулирано! Велат кармата е брза, затоа внимавајте што зборувате и како одговарате – избегнете ја потенцијалната дебата. Земете го основното и запловете кон помирни води. Имајте разбирање.

ВОДОЛИЈА: Нема потреба од осамување – сочувството извира природно од срцето! Некој ги држи клучевите на вашите прашања, а сѐ што треба е да бидете умерени и набрзо ќе дојдете до саканите одговори. Ајде, вие го можете тоа, распостелете ја својата извонредна личност! Бидете духовити и упорни и набрзо ќе успеете.

РИБИ: Ах, вие романтични души! Никако да фатите ритам со реалноста – не сте ниту заинтересирани да се позанимавате со дуалностите во својот живот. Сѐ што би правеле е уживање во некоја идилична атмосфера, како на совршена фотографија од некој магазин. Истражете ја длабочината на својот карактер сега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]