Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Не фокусирајте се на искажаните зборови, нема да си направите добро. Утрото ќе се покаже различно од пладнето, затоа не очајувајте, туку продолжете напред. Сè се одвива според совршен ритам. До вечер ќе дојдете до примамливи понуди и шанси – навлегувате во период на креативност и романса.
БИК: Се спремате за викенд и уживате во добро здравје, расположение и среќа. Средба со пријатели од минатото, кои ќе ве потсетат како израснавте и низ што сè минавте заедно – тие се оние кои ќе ви помогнат да напредувате. Одамна го посакувавте ова, затоа искористете ја Месечината во Стрелец и дружете се!
БЛИЗНАЦИ: Конечно нешто ново на хоризонтот – сега имате што да споделите со светот, само внимавајте како ќе го сторите тоа. Нема потреба да сте премногу директни и да се потпирате на логичната страна на работите, вложете малку емоција и во тоа ќе пронајдете сокриен благослов. Бидете иновативни, храбри и креативни.
РАК: Засега се држите добро. Сепак, ви претстои голема работа, а најмногу врз себе. Научете да не се фокусирате на старите грешки и патите во меланхолија. Пред вас е убав период во кој ќе дојдете до свежи идеи. Спуштете го малку гардот, направете атмосфера и зборувајте од она место кое што обично го таите јавно.
ЛАВ: Тивко чекате на својата шанса – имате неколку опции во рацете кои набрзо ќе излезат на светлото на денот. Влегувате во една динамична фаза, во која што ќе треба да навигирате добро. Ова се моќни времиња и кога сè е можно, затоа бидете спремни за понудите од страна. Во фокус доаѓаат креативните проекти.
ДЕВИЦА: Вредни и методични, вложувате напор да ги ставите работите во функција – конечно планетите даваат некоја прогресивна нота и добро е да размислите каде ова може да ве одведе. Ако се соочите со опозиција, гледајте да го сочувате личниот интегритет. Сега сте силни да се обидете со нешто ново!
ВАГА: Периодот на одрекувања завршува и сега е добро да престанете да се жалите. Заборавете на сите заткулисни игри и шпекулации, бидејќи сето тоа и онака е минато – не настојувајте на тоа. Прво опсервирајте, па повторете го наученото. Ова е време за нови пријателства и за промена на животниот стил и идентитет.
СКОРПИЈА: Доста веќе се жалите на сопствениот мрак – само што не зазорило! Работите се менуваат со толкава брзина, така што ќе треба да го фатите ова лудо темпо. Средба со влијателна женска личност, која има нешто ново да ви понуди на креативен план – верувајте ѝ! Патувајте, изучувајте, сменете го брачниот статус.
СТРЕЛЕЦ: Вие сте како затишје пред бура – тивки, длабоки и само што не сте прогрмеле. Ритамот се менува и среќно ѝ се придружувате на разиграната атмосфера околу себе. Горди на постигнатото, уживате во стекнатиот престиж и слава. Приклучете им се на останатите и спремете се за викенд – го знаете протоколот!
ЈАРЕЦ: Како да седите на две столчиња – избори има, но дали ќе дојдете до праведен договор, оној кој што е еднаков за двете засегнати страни? Не се фокусирајте на историјата, повторувајќи ги истите грешки, туку размислувајте со прогресивен карактер. Како ќе се развива денот, така ќе расте и вашето разбирање. Пауза.
ВОДОЛИЈА: Зошто сте се фиксирале толку на минатото, веќе сте апатични! Најдете сила и храбро продолжете напред. Младата Месечина во Стрелец ќе ви укаже каде сте најранливи, затоа послушајте го гласот на интуицијата – па не сте вие паднати од Марс! Само сте управувани од Уран, а што е повисока октава на Меркур. Учете!
РИБИ:
Информации од далечните земји или контакти со луѓе со необични и нови идеи. Тајмингот е совршен, пријатели. Можеби ова е онаа шанса која е запишана само во ѕвездите? Отворете се кон светот и изучувајте колку што можете. Покажете го својот раскош и верувајте повеќе. Животот е мистерија – патувајте!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ