Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е динамично време и барате да научите како да се справите со предизвиците. Нема потреба од поткрадувања, внимавајте и што зборувате – би можеле да западнете во неволја. Фокусирајте ја својата енергија во проширување на бизнисот или во истражување и изучување. Можен е пат.

БИК: Вашиот сензибилитет доаѓа до израз денес – полни сте со мудрост и креативен потенцијал. Можеби ќе треба да го дадете своето мислење за две различни теми или да избирате помеѓу две опции и на тој начин се здобиете со автономија. Релаксирајте се малку, прашајте се што ви треба. Научете да се грижите за себе.

БЛИЗНАЦИ: Се чини како да брзате повеќе отколку што треба, сега не е време за тоа. Завртете се назад, видете до каде сте стигнале и утврдете како да продолжите кога условите ќе се сменат. Почнете од ново, можеби некаде лежат грешки? Инвестиравте многу, го рекламиравте постигнатото, сега повлечете се и чекајте.

РАК: Трпеливо го чекате својот ред – знаете дека кога тогаш вашето време ќе дојде. Од вашата душа извира сочувство и точно знаете на кого може да се потпрете, а на кого не. Испочитувајте ги другите и потоа посветете се на своите проекти. Ова ќе ви донесе големо задоволство и ќе го продлабочи вашето знаење. Среќа.

ЛАВ: Раскошни како симфонија и полни со знаења кои чекаат свое време да бидат споделени, денес ќе треба да вложите уште сосема мал напор. Секако тоа ќе ви се врати многукратно во текот на следната недела. Можеби ќе работите од дома или ќе ве посетуваат гости. Вие сте единствени, не губете верба. Издржете.

ДЕВИЦА: Ова е веќе пребрза динамика за вас и едвај чекате да дојдете до потребното време да се прашате како сте, а допрва се ближат празници и метежи. Не брзајте уште од сега и не реагирајте веднаш на сè што ќе чуете. Импровизирајте, вие имате добра логика и на крај ќе успеете да се договорите. Верувајте во чуда!

ВАГА: Некое време се чувствувате како приковани за место – не можете да напредувате ниту на професионален, ниту на интимен план. Веќе сте во агонија и барате ѕвездочатци да ви кажат што да правите – ужас! Намалете ги своите очекувања сега и бидете поумерени. Набрзо условите се менуваат. Ќе славите.

СКОРПИЈА: Времето на преиспитување минува, веќе ги имате потребните одговори. Добивате идеја како да ги развиете своите нови идеи, но внимавајте како ќе ги претставите. Ова е чувствителна тема и вмешани се повеќе страни, затоа добро проучете ја актуелната ситуација за да знаете како напред понатаму. Прашувајте.

СТРЕЛЕЦ: Егзотични, немирни и со ведар дух, размислувате за зборовите во љубовните одаи – дали беа вистина или сè е лага? Чувствувате дека има промена, но некако таа сè уште е неопиплива – пружате рака мислејќи дека сте ја стасале, но таа се губи како топол воздух во пустината. Причекајте до утре и обидете се пак.

ЈАРЕЦ: Во некои работи учител, а во некои ученик – господар или роб? Како да ги сложите коцките на мозаикот? Договорите доцнат, се менуваат и нешто ќе оставите зад себе. Сепак останете фокусирани на целта и за ден или два ќе имате нова ситуација. Контакти со далечните земји и разговори со саканите.

ВОДОЛИЈА: Некои пријателства природно се гасат – тие се билка која што треба да се култивира за да произведе цвет. Уживајте во оние што уште ги имате и размислете како да ги сочувате оние што вредат. Бидете свесни за работите што се сокриени од голото око и видете дали овие влијанија се позитивни или не.

РИБИ: Можеби сте уморни, но знајте дека добро се носите со ситуацијата – некој треба да истапи и да ви го каже тоа. Вашето мислење е валидно и колегите и пријателите ве ценат. Затоа и ги бараат токму вашите интуитивни совети. Меки, нежни, но убедливи со својата мистериозна природа, успевате на повеќе нивоа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]