Хороскоп: Шанса за лавовите, успех за близнаците
ОВЕН: Имате потреба да побегнете од рестриктивните околности, бидејќи гледате дека некои работи се вон ваша контрола. Внимавајте да не направите погрешни инвестиции и бидете посензитивни за помалку среќните. Будност.
БИК: Денес е добро да бидете отворени и со голема верба да започнете важни потфати – комерцијална работа, покажување на своите таленти или вработување. На конвенционален начин изразете го необичното и ќе успеете.
БЛИЗНАЦИ: Што и да отпочнете денес, ќе имате голем успех – можеби ќе треба да почекате малку, но пред вас се појавуваат шанси што ќе треба да ги пресретнете со храброст, жар и ентузијазам. Сега имате голема виталност и моќ.
РАК: Денес ќе треба да внимавате при средбите со другите – доколку немате сила, добро е да се повлечете, бидејќи може да се доведете до дисбаланс и хаос, особено ако ги менувате приоритетите. Енергична, но несигурна работа и исход.
ЛАВ: Откако ќе завршат проблемите, ќе сфатите дека покажувањето самодоверба е само театарска улога, за која треба да одлучите дали и понатаму ќе ја играте или не. Шанса со резон и интелигенција да дојдете до саканото сега.
ДЕВИЦА: Се среќавате со нова личност и сила која е поголема од нејзините поединечни делови, некоја возбудлива и динамична личност, која не припаѓа никому. Сега е потребна ваша асистенција за негување на оваа врска и растење.
ВАГА: Неочекувана нова врска, сосема спонтана и отворена – сега откривате дека надворешниот непријател е само ваш одраз и дека вие треба да одлучите како ќе дејствувате понатаму. Прегрнете го животот со сочувство и детски мечти.
СКОРПИЈА: Вашето внатрешно чувство за вредност почнува да расте, но знајте дека не сте тука да се потпрете само на своите способности. Динамиката е брза, па ќе треба да почекате за да постапите правилно. Бидете толерантни и со такт.
СТРЕЛЕЦ: Сега уживате во плодовите на својата работа – сѐ се движи според саканото и вашето знаење се трансформира во разбирање. Полни сте со креативна инспирација, како и задоволство и љубов кон најблиските. Успех.
ЈАРЕЦ: Минувате низ транзиција и физичка трансформација, а со Месечината во Овен се обидувате да ја култивирате својата трпелива природа. Се соочувате со загубите и продолжувате напред со нова надеж и разбирање. Бидете сигурни.
ВОДОЛИЈА: Постигнувате баланс и хармонија во времето на тешкотии и трансформација. Го менувате приоритетот на проектите и сѐ оди како подмачкано. Промена во вработувањето или можно патување. Нова страст.
РИБИ: Ќе продолжите да растете, да бидете поотворени и толерантни. Не постојат пропуштени шанси, туку треба да си признаете дека сите опции не се за вас. Она што е ваше ќе си дојде со свое темпо, не брзајте. Пред вас се почетоци.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ