Хороскоп: Промени за лавот, пресвртница за близнаците


ОВЕН: Сонцето и Месечината може да ја потенцираат вашата арогантна природа, заснована на некои претходни успеси. Внимавајте на опасната самодоверба, како и невнимание и лажна суета во безначајните постигнувања. Страв од неуспех здружен со лажни надежи и блокада.

БИК: Месечината во Јарец ви дава доза на зрелост и мудрост, како и волја за ефективна промена сега. Бидете чесни со себе и со другите, но и умерени и посветени. Така ќе имате вистинска насока и ќе појдете по она што го сакате. Ги рефлектирате желбите на вашите блиски.

БЛИЗНАЦИ: Денешниот ден означува пресвртна точка во вашиот живот – нешто завршува и сега е важно да разберете за што се работи, бидејќи ќе минете низ мал тест. Потоа може да ги постигнете посакуваните работи и најдлабоки желби, поттикнувајќи ја убавината и луксузот.

РАК: Можни одолговлекувања и компромитирани напори од страна на саботери и непријатели. Не дозволувајте лошото расположение да го преземе цел ден и не ја расфрлајте силата во повеќе правци – фокусирајте се сега. Менувајте дел од себе за да ги постигнете своите желби.

ЛАВ: За да се здобиете со поголема контрола врз својот живот, ќе мора да направите нужни промени – старото повеќе не функционира, барајте нови модалитети. Ако сте болни, направете добар режим и диети, па на тој начин завртете ја добрата среќа во свој правец. Имајте верба.

ДЕВИЦА: Ова е време кога ќе треба да вложите голема сила за да ги комплетирате работите и почнете нови. Тешкотиите се разјаснуваат и решаваат, а поволно е да се движите и ја смените рутината. Не бидете недоверливи, нечувствителни и не се залажувајте. Менувајте се.

ВАГА: Денес е најдобро да најдете време за себе и своите домашни – ако треба повлечете се да се одморите, да ја обновите својата ментална и физичка сила и да размислите за сѐ одново. Пред вас стојат нови планови кои треба да ги разгледате со голема смиреност. Реорганизација.

СКОРПИЈА: Реорганизација и прераспоредување на силите – сега е добро да дојдете во контакт со интуитивниот дел од себе и само така ќе напредувате. Внимавајте на будалестата и преголема самодоверба, како и на лошите инвестиции и лошо водење на материјалните работи

СТРЕЛЕЦ: Големо задоволство во вашите најблиски врски, како и во романсата и пријателствата. Ги постигнувате своите стремежи и најдлабоки желби, уживајќи во убавината и сензуалните задоволства. Од вас зрачи радост, среќа и изобилство кое со задоволство ќе го споделите со сите.

ЈАРЕЦ: Убава поддршка од Месечината во вашиот знак за да напредувате со сета ваша сила и моќ. Ги менувате работите преку храбра акција и ги балансирате спротивставените сили со голема умешност. Дисциплина, личен напор и голема зрелост ќе ви донесат ред и среќа денес.

ВОДОЛИЈА: Внимавајте да не пропуштите добри шанси сега – можно е вашата сила да биде искористена против вас, а наизглед неуспехот може да ви предизвика поголем или помал проблем, во зависност од вашата свесност. Немојте да сте тажни, нереални или очајни и празни.

РИБИ: Добро е да се прашате дали се ставате себе си на прво место, а потоа потребите на другите – ова ќе биде од есенцијално значење за вашата среќа денес. Исполнување и среќа во љубовта и животот. Чувствувате мир, задоволство и смиреност покрај вашите пријатели и блиски

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]