ФХ3Х работеше на „Одмаздници“, номиниран за визуелни ефекти
Македонската компанија Фх3х работеше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Одмаздници:Војна на бесконечноста“.
Покрај „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, во категоријата за визулени ефекти номинирани се и „Кристофер Робин“„Првиот човек“, „Спремен Играч број Еден“, „Соло:Приказна за Војна на ѕвездите“.
ФХ3Х досега има реализирано 135 проекти од кои 120 филмски и 15 телевизиски. Од филмовите на кои работеле, дури 18 биле номинирани за Оскар. Меѓу нив оскарот го добија „Златниот компас„ 2008 година, „Животот на ПИ„ – 2013 година, „Ранго„ – Оскар за анимација во 2012 година.