Фудбалер на Ајакс се разбуди по една година во кома
Абделхак Нури (21) се разбуди откако на 13 јули минатата година се сруши на пријателскиот меч меѓу Ајакс и Вердер, по што беше ставен во вештачка кома. Тој падна во 73. минута од натпреварот, по што со хеликоптер беше пренесен во болницата во Инсбрук. Поради недостиг од кислород, трајно му е оштетен мозокот и кариерата му е завршена. Сепак, по будењето од кома, ги препозна најблиските и со нив контактира преку гестикулирање.
„Не го мрда телото, само главата, а понекогаш од кревет го преместуваат во количка“, рече неговиот брат Абдерахим.
Менаџерот на славниот холандски тим, Едвин Ван Дер Сар, призна дека реакцијата на теренот морала да биде подобра.
„Доколку дефибрилаторот беше донесен порано, на Абделхак ќе му беше подобро“, изјави поранешниот голман.
Нури играше за втората екипа, но имаше девет настапи во холандскиот шампионат.