(Фото) Со зурли и тапани го чекаат Чавков пред судот


Со пароли „Судење на уметници и парламентарци како терористи е срам на векот“, група граѓани се собраа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април. Тие со зурли и тапани ги чекаат обвинетите.

Судот е под силно полициско обезбедување. Пред малку стигна поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков со својот адвокат. Со него во судот влезе и оперскиот пејач Игор Дурловски.

За упадот во Собранието обвинети се вкупно 32 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници и организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“.
Меѓу поддржувачите е и Сотир Костов и Иванка Василевска, поддржувачи на Иницијативата. Насобраните извикуваат дека тие се етнички Македонци а за знамето на Вергина велат дека е македонското знаме. (Ф.Ф.С.)