( Фото) Моделот Шанел Иман се омажи во две венчаници на Зухаир Мурад


САД– Топ- моделот Шанел Иман, по една година врска, се омажи за спортската ѕвезда Стерлинг Шепард на романтична церемонија во Лос Анџелес. Во кругот на пријателите и најблиските, двојката ја прослави својата љубов, а Шанел се појави во две венчаници на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.

Венчаниците се стилски многу слични. Се работи за фустани со длабок V-израз и здолниште во А-крој. Тантелата е нежна и со 3Д цветни апликации. На првата има и мини наметка во горниот дел, а втората е во златно-розова нијанса.

„Целата тема на венчавката е токму во златно-розови нијанси. И венчалниот прстен е таков, затоа и не се двоумев околу тоа. Сметам дека бојата ја изразува мојата нежна, девојчешка страна, а и за двете венчаници посакував да се со винтиџ изглед. Ми беше важно кога ќе ги видам фустаните и после 50 години да ми се допаѓа изборот што сум го направила, бидејќи е безвремен“, објаснува моделот.