Форбс: „Ју-Ту“ се најплатени музичари во 2018


САД– Ирскиот бенд „Ју-Ту“ се најде на првото место на листата најплатени музичари според списанието „Форбс“ , со заработка од 118 милиони долари во една година. Благодарение на светската турнеја Joshua Tree, „Ју-Ту“ се музичари со најголема заработка во периодот од јуни, 2017 до јуни, 2018 година. Во рамките на заработката од 118 милиони долари влегува и профитот од турнејата Experience + Innocence.

На второ место се „Колдплеј“ со 115 милиони долари.

Ед Ширан е на трето место со заработени 110 милиони долари, а топ пет го заокружуваат Бруно Марс со 100 милиони долари и Кејти Пери со 83 милиони долари.