ФИФА ранг листа: Нов скок на Македонија за девет позиции
Македонската фудбалска репрезентација бележи нов напредок на ФИФА рејтинг листата. На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76 место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец.
Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0).
На врвот и натаму е Германија пред Бразил и Португалија.
Во топ 10 уште се Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.
Следното рангирање на ФИФА ќе биде на 21 декември.