Ферид Мухиќ и Курто Дудуш ќе сведочат за „крвавиот четврток“
Сведочењата на двајца пратеници и уште двајца други сведоци, од кои едната е новинарка, денеска треба да се слушнат во судницата во Кривичниот суд на рочиштето за настаните од 27 април лани во Собранието.
Двајцата пратеници кои пред судечкиот совет, обвинетите и обвинителите ќе кажат што виделе на „крвавиот четврток“ се Ферид Мухиќ и Курто Дудуш, кој сега е градоначалник на Општина Шуто Оризари.
Сите четворица сведоци се на предлог на обвинителството кое има предложено вкупно 36 од кои еден е загрозен. На минатите рочишта во судница веќе можеа да се слушат исказите на премиерот Зоран Заев, неколку министри кои тогаш беа пратеници, како Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, Петар Атанасовски, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и пратениците Мухамед Зекири, Фросина Ременски, Весел Мемеди, Петар Богоевски,Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Енес Ибрахими…