Уште еден обвините во случајот во „Насилство во Центар“ седнува на обвинителна клупа


Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска треба да се одржи во Кривичниот суд.

Минатото рочиште беше одложено, бидејќи се уште не било готово вештачењето што го побарал Судот.

Крстев се уште нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин.

Во случајот „Насилство во општина Центар” обвинети се 14 лица, меѓу нив и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

На претходните рочишта, вината за случувањата пред Општина Центар во јуни 2013 година, ја признаа и добија условни казни четвртиот обвинет, Томислав Лазаров и петтиот обвинет Јордан Ристевски.