Уапсен гостинот кој и го украде „Оскарот“ на Френсис Мекдорманд


САД-Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Тери Брајант бил уапсен за кражбата откако„Оскарот“ на Френсис Мекдорманд, годинешната победничка во категоријата најдобра женска улога, ненадејно исчезнала од театарот „Долби“ во Лос Анџелес.Уапсениот е на 47 години а бил ослободен , со кауција од 20.000 долари и под закана за  тужба. Крадецот имал уреден билет  за официјалната вечера на церемонијата.Подоцна, златната статуетка  и беше вратена на Мекдорманд.

За време на кражбата, актерката го прославувала „Оскарот“ за улогата во „Три билборди надвор од градот“.

Ова е втор  Оскар за актерката. Нејзината прва златна статуетка   ја добила за филмот “Фарго” пред дваесет години.