Трансфер во најава: Реал М. во јануари Алексис Санчез?


Реал Мадрид се приклучи на Манчестер сити и на ПСЖ во трка за најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез.

Шпанскиот весник „Дон Балон“ тврди дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не сака да чека до крајот на сезоната за потпис на Чилеанецот и ќе се обиде да го донесе во јануари за сума од 30 милиони евра.

Чилеанскиот фудбалер пред Арсенал, играше за најголемиот ривали на Реал Мадрид, Барселона.