ТДМ донира влезници за деца од Заводот за рехабилитација на деца и младинци и ПОУ „Др.Златан Сремац“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, Н.У. Театар за деца и младинци ќе го даде својот придонес за најмладите со донирање влезници за децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје за претставите што ќе се одржат на 24 ноември, како и влезници за децата од установата ПОУ „Др. Златан Сремец” за претставата што ќе се одржи на 6 декември.

– Со ова се надеваме дека ќе ја подигнеме социјалната свест и грижата за нашите најмлади, информираат од Театарот за деца и младинци.