Тајани: ЕУ треба да испрати позитивен сигнал до земјите од Западен Балкан


Европска унија треба да испрати позитивен сигнал до земјите од Западен Балкан, односно за нивно приклучување кон заедницата, изјави денеска претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани.

– Треба да испратам позитивен сигнал на сите кандидатки, за да им помогнам да поверуваат дека се блиску до ЕУ. Треба да гледаме на Балканот како приоритет на ЕУ, рече Тајани на прес-конференцијата по дебатата на тема „Иднината на Европа”.

На 17 мај во Софија ќе се одржи самит ЕУ – Западен Балкан.