Тантуровски: Заговор се обвинувањата за злоупотреба на државни пари во Антикорупциска комисија


Антикорупциската комисија има отворено предмети од највисоко ниво, за министри, за градоначалници, за директори, рече претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.

Предметите, како што дополни, се однесувале и за претходната и за сегашната Влада.

– Во најдобар дел Јавното обвинителство не не известува како постапува – рече Тантуровски.

Тој повтори дека засега не планира да даде оставка, а обвинувањата за злоупотреба на државни пари во Антикорупциската комисија ги смета за заговор. Според него осумдесет отсто, ако не и 100 отсто од информациите во објавениот извештај од ревизијата се неточни и извадени од контекст.